Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200097 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1905 на: 26 Ноември 2016, 23:00:36 pm »
Едно прашање имам. Радијаторот го извадив да се исчисти од внатре и го приклучив повторно, но никако да се загрее. Ке се стопли кога ќе го пуштам но по некое време ќе се излади, што значи дека некако не циркулира водата. Нема воздух во радијаторот, дека од отпусниот вентил после воздух потече вода.

заглавен вентил, или запушен... најчесто,долниот... но, може и лошо перење си направил...

а термо вентил на топлата имаш или не?

каков и кој радијатор? слика...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен mickeymkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг:
« Одговори #1906 на: 26 Ноември 2016, 23:20:40 pm »
Тргна од трета. Сега грее добро. Незнам што му беше претходно.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1907 на: 20 Декември 2016, 23:56:32 pm »
Пред некој си месец и пол реков дека ќе споделам искуства и потрошувачка на пелети користејќи ја печката на алфа плам коммо21.

Загревам простор од околу 82-85мм2,куќа без изолација и дрвени прозори со дупли стакла кои се ставени кога е и куќата градена во 1992 година,но прилично добро диктуваат.Спратот под мене е само половина загреван од моите,над мене е тавански простор кој нема изолација и е на ќерамиди.Имам се на се 7.2м(3*1.6+1.8+0,6м) панелни радијатори,регистар и бољер од 100л.Од 1 декември до 19 декември имам потрошено 31 вреќа пелети за 217ч греење,односно 465кг пелети,или 2,14кг/ч односно 1час греење ме чини 24,86ден.Температурата во дневната каде и ми се наоѓа и печката ја држам на околу 21С-23С,а во останатите простории околу 18С.

Одржавањето на печката се состои со чистење на секои 3-4 дена,ги чистам двете пепељари,го чистам горилникот со правосмукалка за пепел ја чистам целата внатрешност на печката а со четката ги прочистувам така наречените турбулатори,го бришам стаклото.Целата операција трае не повеќе од 15-20мин.

Печката од притискањето на копчето за стартување до појавување на пламен потребни се 4-6мин,за 12-16мин водата во резервоарот има достигнато 50С и пумпата се вклучува.

Да напоменам само дека имам направено некои измени во самите параметри на печката,има еден добар српски форум од кои научив некои работи и се обидов и сеуште се обидувам да го извлечам најдоброто од самата печка.

Самата печка има дневни и неделни програмирања за палење и гасење до 4 пати во текот на денот.На самата печка се внесува саканата температура на водата и температурата во просторијата.

Се на се сум презадоволен.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен iksyrium

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1908 на: 21 Декември 2016, 00:10:49 am »
Голф 6 ми капе внатре вода или фреон. Бев на еден мајстор летово и ми кажа дека така требало да биде :(
Вистина ли е ова

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1909 на: 21 Декември 2016, 00:43:48 am »
фреон неможи да капи бидејки е гас, и никако не треба вода да ти капи внатре.

вода треба да капи под кола од кондензацијата од климата и тоа ептен малку

Отсутен Soldier

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1910 на: 26 Декември 2016, 18:49:22 pm »


Прашање - поврзување на ваков тип комбиниран бојлер со водовод. Каде се става пумпата за рециркулација што треба да ја врти водата, на влез пред рециркулација или горе на топла? Однапред фала

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1911 на: 27 Декември 2016, 00:16:45 am »
Пумпата се става доле на влезот.


Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1913 на: 05 Јануари 2017, 09:10:37 am »
Со оглед на цената која ја плаќаш за каматата и сите рати испаѓа отров скапо.

Јас би ти препорачал да погледнеш Gree или Vivax. Јас земав 2 инвертера Vivax пред 1 месец и сум презадоволен.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1914 на: 05 Јануари 2017, 09:31:22 am »
Без камата гледај. Еднократната сума. Него за квалитет и разлика меѓу овие прашувам.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1915 на: 05 Јануари 2017, 09:41:23 am »
Пак се скапи.
Ако можев да видам ни двете не се под 45,000 денари.

За тие пари можеш да бираш, особено од други брендови. Сакаш 5,5kw сакаш 3,5kw па дури и над 5.5kw.
Исто така е важно колкава просторија ќе грееш, колку квадрати итн.

Јас греам 55 квадрати со 2 инвертера. Еден 2,5 kw другиот 3,5кw поставени на 2 различни страни. И двата ме коштаа со монтажа 41.000ден.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1916 на: 05 Јануари 2017, 09:43:39 am »
Некој друг коментар освен дека се скапи?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1917 на: 05 Јануари 2017, 09:48:31 am »
Епа ако не ти се битни парите купи ги бе друже, ти кажувам дека за иста цена слични перформанси имаш, разгледај, спореди, изгуглај..

На греење штедливост е само A. Немаш A++ итн.

А 1000 евра е инвертерот.

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=214378
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1918 на: 05 Јануари 2017, 09:50:25 am »
Боље 45 000 за клима отколку за 10 кубика дрва  8)

Ем чиста околина ем ти остануе климата за догодина ..


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1919 на: 05 Јануари 2017, 09:55:57 am »
Епа ако не ти се битни парите купи ги бе друже, ти кажувам дека за иста цена слични перформанси имаш, разгледај, спореди, изгуглај..

На греење штедливост е само A. Немаш A++ итн.

А 1000 евра е инвертерот.

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=214378

Еве читам.
Муабетот е дека телекомци ти даваат гратис извесни илјади денари кога продолжуваш договор. И можеш да земеш што сакаш, телефон, клима, лаптоп. И еве сега загледав дека има клими и тоа баш Тошиба што се најфалени. Па затоа и ги листам.

Боље 45 000 за клима отколку за 10 кубика дрва  8)

Ем чиста околина ем ти остануе климата за догодина ..


Благосиљаат кога ќе видат сметка сите. :)