UPDATE:
По дијагнозата на матичниот доктор на колата, кажано е да се најдат бензински инјектори затоа што постоечките отишле „капут“.
Консултации со ЖаркоАлфа од форумов покажаа дека уствари тоа е проблемот, и има инјектор кој тече и е фаличен.
Се договорив да ми прати половни со гарантен рок од 10 дена, и ги добив денеска, по што одма почна расклопувањето.
Чекор по чекор ќе објаснам, слики нема зошто квалитетно се умажав:
Потребни алати:
- Клуч 10
- Моторно масло
- Штрафцигер со рамна глава
- Трпение
1. Откачување на + клемата од акумулаторот (превентивно)
2. Откачување на каблите од свеќиците, затоа што на боксер моторите свеќиците и инјекторите се едни до други
3. Отштрафување на шината која го држи доводот за гориво до дизните со клуч број 10
4. Откачување на електричните конектори поврзани за дизните
*. Тука требаше да го најдам осигурачот кој го држи системот за гориво под притисок, сепак некоја електроника била вмешана, ама по долго барање не успеав и решив на ризик.
5. Одделување на доводот за гориво од дизните (се избањав со бензин

)
6. Вадење на дизните од местата каде што се монтираат
7. Преместување на дихт-прстените од старите на „новите“ дизни
8. Подмачкување со 5-40 масло на сите гумички кои доаѓаат во контакт со нешто за подобро дихтување
9. Вметнување на „новите“ дизни на своите места
10... Склопување на системот.
Потребно време за комплетирање (работев сам, татко ми ме остави и замина на службен пат):
3 часа и 20 минути.
Старите инјектори:


Заменските (само еден) монтирани:

Во меѓувреме ме мрзеше да вадам слики од телефон, но да си пишам во темава дека и белата лента преку ветробранското стакло е извадена.
Се користеше скалпер со рамен врв:

на следниов начин:

до пола завршено:

За крај, лепакот го извадив со 96% алкохол, и не успеав да сликам зошто ме фати ноќ.
Следно на агенда: пожолтување на магленки.