ЕДИТ: Процедурално да пишам дека на 143.300 километри е сменето масло Lukoil Luxe 10w40 и некој филтер Made in UK купен од Автофилтер. 1050 + 250 = 1300 денари вкупна цена.
Да продолжиме:
Дојдоа на ред и задните тапацири. Тие беа во бетер состојба од предните, така да не ме осудувајте за финалниот резултат затоа што тоа беше единствен начин да се истапацираат од едно парче (без шиење).
Беа во ваква состојба, одлепени и обесени.
Извадени од кола, со нитро разредувач избришан лепакот што „го држел“ платното.
Процес од лепење немам зошто се умачкавме со татко ми до лакти со Неостик. После 2 дена работа, го добив овој резултат:
Има набори, јасно ми е тоа, а и парчето кое е додавано не е најлично на светот, но е далеку, далеку подобро од одлепени тапацири кои висат и шират прашиништа насекаде низ колата.
Бонус што е сработено додека беше расклопена колата:
1. Распарав двосед и тросед кои беа спремни за фрлање, им го извадив филцот (пресуван партал) и ги наполнив задните крила. Би требало да служи како оние фабрички парталави изолации што ги има во колите.
2. Сите жабици ги заменив со нови, и крцкањето од задните тапацири го елиминирав (сеа уште остатокот од ентериерот треба
)
3. Ги извадив звучниците на кои мембраните им се распаѓаа, моментално без звучки сум позади и активно барам звучници со дијаметар 13цм. Ако некој има вишок по дома/гаража, пишете ми да ви ги откупам.
Следен апдејт, Предни седишта од Alfa 147. Кога...треба да е наскоро.