Апдејт: Освежување на тапацири на врати + некое парче од шалтабла.
Вовед:
Колата се чува во двор ориентиран на југоисточна страна, што значи дека од утро до доцно пладне ја пече сонце. Лепакот кој ги држи тапацирите решил дека веќе не сака да држи и почна да попушта. Со тоа ќе се помирев, но не можев да се помирам со ѓубрето и флеките кои ги правеше пената под самиот лепак.
Сликовито покажано:


Па така, решив да го средам и тоа. Набавив материјал кој е имитација на алкантара.

И се фативме за работа. Прво е обележување на парчето кое треба да се исече.


Следно е нанесување на лепак. Се одлучивме за Неостик по претходните позитивни искуства.


Завршниот резултат, со затегнат материјал:

Бонус: текстурата на материјалот

И монтирано на врата:


Бонус: две парчиња од шалтаблата кои беа обложени со сив винил, ги обложивме со истиот материјал. Според мене излезе одлично, а воедно и добив шанса да го релоцирам копчето за плин, бидејќи беше монтирано на ептен глупо место.
Постапката за обложување на големото парче беше доста комплицирана заради кривините на подлогата. Најбитно е да се исече идентично парче материјал како и оригиналното, после само дел по дел растегнување.
Финален резултат:

