Шо знам.. 3000е... Ај да првоерам како е кај моите во Италија...
Alfa Romeo Giulietta Progression 1.4 turbo, 120CV Benzina+GPL = 24.450
Alfa Romeo Giuletta Progression 1.6 JTDM 105V = 23.900
Alfa Roemo Giuletta Progression 1.4 Turbo, 120CV Benzina = 22.200
Ако споредам со дизел, многу примамливо е и има огромен есап. Ако споредам со бензинец, уште повеќе, затоа што за 1 година ќе го исплатам екстра плинскиот уред. Или, месечните трошоци на рати ако ми е колата, ќе ми бидат помали, иако ратата поголема.
Ама секој со својот есап, јас би дал 1000+ за фабрички плин, отколку за бензинец без плин, па тука индијански измонтиран.
ај пошто си проверил за цените, провери и кој плински уред го вградуваат, па после во документите види ја хомологацијата за колата и за плинот посебно... да ти помогнам:
ке увидиш дека колата има хомологација на 2 километри а плинскиот уред на 5 километри. тоа посочува на една работа што чичко плимонт, ми ја посочи за ландирензо и нивната соработка со некои брендови, вклучително и алфа, дека имаат отворено свои погони за монтажа на плински уред, не дека не е направено цревце или жица посебно за тој уред, ама не е фабрички плин на кој пишува АЛФА туку пишува ландирензо...
за разлика на пример, кај што ми беше посочено за форд, волво, сааб, бмв, мерцедес и други, на пример ете од итаљаните фијат, дека комплетната инсталација е нивни продукт и во бензинските компјутери има внесено параметри како да работи цела кола при режим на лпг.
тоа што во алфа се вградува, спаѓа како полупартизанско (твој термин е партизанско), бидејки не е нивни продукт и е адаптиран само поубаво да изгледа. во целата монтажа запазени се само естетските моменти што тука не се запазуваат, но сепак добиваш афтер маркет уред за плин, (со сијалички или стрелка на шалттабла)...
инаку се сложувам целосно со тебе. дефинитивно кога би купувал нова кола, ако има опција со реално фабрички плински уред би платил повеќе бидејки е дефинитивно подобро и за одржување и доста по издржлив би бил тој мотор...