Гласање

Која фирма е најдобрата за местење на плински уред за кола. (пари, квалитет, се)

Плимонт
130 (72.2%)
Новус
15 (8.3%)
Мармил Монт
12 (6.7%)
Кар Систем
15 (8.3%)
Дурла ЛПГ Битола
3 (1.7%)
Плинмонт Битола
5 (2.8%)
Плинстарт Јовус Битола
0 (0%)

Вкупно гласови: 180

Автор Тема: PLINSKI UREDI  (Прочитано 503320 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #825 на: 15 Август 2014, 18:17:06 pm »
а кој ти кажа дека не заштитуваат? не заштитуваат ојле и дојле по гаражички... во пореномираните фирми тураат... сведок сум...



Баш во реномирана фирма ги прашав и рекоа дека по некој стандард не смееле да ставаат, што ми нема логика!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #826 на: 15 Август 2014, 22:05:34 pm »
Онак дали мислиш дека има некоја причина за тоа? Во момент кога пазарот е се повеќе гладен за автомобили со поевтин енергенс, производителите на автомобили делуваат незаинтересирано само за плинот, нешто не ми штима.
Еве некои искуства со тие финти:


дали го гледаше видеото до крај? стварно... јас го изгледав цело... поентата на клипов не е вградувањето на тнг уредот туку друго е... во ниеден момент не се спомиња касапење, уништување и незнам што уште... точно таа марка очигледно има некој проблем...

и на крајот... каква врска има се ова со она што претходно го зборевме? или да се лупета нешто?

кај нас кој дилер со кого има соработка и договор, кај него ке монтираш, за да ја задржиш гаранцијата, бидејки имаат техничка поддршка еден со друг...

и стварно... дај информирај се малку... на крајот на краиштат смименово од 10 минути со сведочење на овие двајцава е нешто што се случува во ДРУГА ДРЖАВА, а не во МК...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #827 на: 16 Август 2014, 00:10:11 am »
Онак ти дали прочита што напиша во претходниот пост, ако не, да те цитирам:
инаку фабрички плин... да ви каже чичо нешто.. во ниедна фабрика за возила нема поставување на плински уреди освен во волво кои што имаат свој погон и за лпг и цнг... но небитно тоа, немав намера да го величам волво, туку да ви посочам дека сите ги креваат возилата во камион и ги носат во погони за монтажа на плински или метански уреди... или фирмите кои што монтираат плински уреди, отвораат погони во фабриките...

на пример, во фиат, ландирензо има свој погон во кругот на фабриката, и плинскиот уред е монтиран од страна на ландирензо, не од фиат. ако убаво видите и проверите во документите, за плинскиот уред пишува дека е атестиран и примен во возилото СО ПОМИНАТИ 5 КИЛОМЕТРИ..

истата финта се прави и кај нас. и плимонт, и новус имаат свои шлеп возила, идат кај импортерите, ги товараат возилата на шлеп, ги носат во своја работилница, монтираат, штелуваат и пак со шлеп назад.
Прашањето ми беше која е причината што производителите избегаваат да стојат зад ЛПГ системот на нивните возила, на што не добив одговор.
А видеото ти е информација на тоа што може да добиеш како одговор кога ке се повикаш на гаранцијата во момент кога ти е накнато монтиран уредот на 5 км.

кај нас кој дилер со кого има соработка и договор, кај него ке монтираш, за да ја задржиш гаранцијата, бидејки имаат техничка поддршка еден со друг...

и стварно... дај информирај се малку... на крајот на краиштат смименово од 10 минути со сведочење на овие двајцава е нешто што се случува во ДРУГА ДРЖАВА, а не во МК...
Ако не си информиран прочитај некоја гаранција и ке видиш дека можеш да се повикаш на неа и додека си во странство. За да се повикаш на таа гаранција возилото треба да ги исполнува условите што произлегуваат со таа меѓународна гаранција, а не на нешто што дилерот се договорил локално. На пример ако ти се расипе возилото во Словенија, ќе имаш избор или да платиш за сервис или да го шлепуваш до Скопје па да ти ја признаат гаранцијата.
« Последно менување: 16 Август 2014, 00:21:08 am karajann »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #828 на: 16 Август 2014, 00:33:40 am »
Бензинот е дупло поскап од плинот и затоа не им одговара преку нок да го прекинат бензинот како основно гориво за бензинците, туку тоа да стане плинот. Ете мое видување зошто фабриките за автомобили прават сеуште коли на бензин, за да ги богатат олигарсите во ОПЕК.
Зошто само некои од поновиве возила имаат проблем со вентилите ако возилото е на плин ? Зошто со таква развиена технологија денес прават коли со нежни делови ? Зошто со застарена технологија во 70-тите години доста од моторите немаат гајле со тој проблем и се направени да бидат поиздржливи ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #829 на: 16 Август 2014, 00:56:26 am »
Прашањето ми беше која е причината што производителите избегаваат да стојат зад ЛПГ системот на нивните возила, на што не добив одговор.
А видеото ти е информација на тоа што може да добиеш како одговор кога ке се повикаш на гаранцијата во момент кога ти е накнато монтиран уредот на 5 км.

одговорот е релативно комплициран и воопшто не е така лесен да се објасни.. поготово на некој како тебе. ке пробам во кратки црти, а ти протолкувај како сакаш..


1.прво и основно на шеиците (нафтени гиганти) не им одговара тоа... нив индустрија од вградувањето на плинскиот уред. нивните пари се поголеми од она што би било профит на автомобилската индустрија од вградување на гасни уреди во возилата.
2.второ, цената на возилото се крева. на некои возила и до 20% ке биде поскапо возилото ако е со фабрички тнг уред, тек па со ЦНГ уред колку ке биде...
3.има такви како тебе кои не сакаат на плин да возат.
4.во еден автомобил, едвај 40% (ни толку) од вграденото е производ на брендот. останатите 60% и повеке од елементите е од фирми кои професионално го работат тоа.. па така е и за плинот.
5. европските регулативи (повекето од возилата, скоро сите да не речам се европски) налагаат плинскиот уред да се атестира посебно, токму од безбедносни причини а и од причината под точка бр.1, меѓу другото, секој елемент кој е дел од плинскиот или метански уред подлежи на многу строги критериуми на проверка, како би добил соодветен сертификат, па така може да се изведе заклучок дека за плинскиот уред ПРАВИЛАТА СЕ МНОГУ ПОСТРОГИ отколку за самото возило...
6. секоја земја-држава има делови-сегменти различни од другите кои се однесуваат на правило при поставување на гасен уред (цнг или лпг-тнг сеедно)

и за крај уште еднаш тока бр. 3.. постоењето на такви луѓе како тебе и крел :) мала шала де, ама и полу вистинита.. и ден денес познавам луѓе кои НИКОГАШ немале возило на плин, не се возеле но кога ке им спомнеш одма креваат раце и викаат НЕЕЕ ТОА Е ОПАСНО, БОМБА ВО ГЕПЕК, СТРАШНО А ПЛУС И ОТРОВНО... е јбг.. ги има и такви и не се малку...


јас ти одговорив на прашањето....

ај сега ти одговори ми за клипот.. дали го изгледа цел и (бидејки сигурен сум дека е не) откако го изгледа отпосле, објасни ми која е поврзаноста на клипот сниман во странска држава а не наша, со текот на разговоров?

и докажи ми дека ке ја изгубам меѓународната гаранција со поставување на плински уред, бидејки сите тие поставени уреди (одпосле) произлегуваат со документи од купеното возило...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #830 на: 16 Август 2014, 00:58:49 am »
НЕЕЕ ТОА Е ОПАСНО, БОМБА ВО ГЕПЕК, СТРАШНО

А да ги прашаш за тие 40-50 литри бензин што ги носат во резерворар, божем бензинот не се пали, само плинот ке се запали во случај на судар.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #831 на: 16 Август 2014, 01:09:23 am »
абе во миљон докажани ситуации има дека резервоарот со бензин е по опасен одколку боца со плин... ама нааа дрво носат меѓу рамења.. не им влегува во глава туку на бензин е фабрично ПА МОРА ДА Е посигурно одколку одпосле турано...

и плус, нај искрено... сум видел еден куп опожарени коли кои биле со плински уреди... за НИЕДНА не сум слушнал дека СЕ ЗАПАЛИЛА ОД ПЛИНОТ. сум слушнал дека се запалила од електрична инсталација која направила краток спој на местата каде што мајсоторот со гаража сечкал по каблите додека поставувал уред на црно.. значи не стручен мајстор или не доволно остручен или пак со недоволно знаење и алати.. но дека плинот бил причина баш, не сум чул, додека имам и со свои очи видено како кола се пали од бензин... протекол карбураторот, почнало да капе на издувна грана бувнала колата... скапало цревото, прскало накај  каблите, а тие пробиени, фрлило искра-отишла колата во пламен... се откачило цево и директ почнало да тече доле, па од иксра од кочница се запалило...

дури и на брат ми ДИЗЕЛОТ 9стар дизел) му бувна во пламен, возејки на водно, откако почнало да прска нафта од АЦ пумпата на издувната грана која се усијала, бидејки возел накај средно водно и ја запнал колата... ж

ама од плин? почна да му дише и се запали? имам видено само еден клип на нетов, некоја самара ли беше или шкода незнам, имаше експлозија внатре во кабината.. објаснувањето е дека почнало да му тече-диши плин во кабина, запалиле цигара и во моментот на пламенот од запалката се биде детонација... но толку.. само детонација внатре во кабината... ни пламен, ни пожар ни огин-ништо...

а и за да ти се деси тоа, голема е веројатноста да си морон со затнат нос или без сетила за мирис, покрај тоа што или си чепкал нешто околу боцата или мајсторот ДЕБЕЛО утнал нешто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #832 на: 16 Август 2014, 02:47:11 am »
Онак на клипот е поврзан со текот на разговорот како одговор на тоа што може да ти се случи со гаранцијата при накнато вградување на плин во автомобил, кое ти го спомна со плинмонт и новус.
За да ти докажам дека се губи фабричката гаранцијата не треба многу да се потрудам, во клипот на 5,45 го има официалниот став на ГМ во Србија или одговорот во темата на форд во карклуб (http://forum.carclub.mk/index.php/topic,13596.msg638449.html#msg638449).
Поврзаноста со клип снимен во странска држава е во тоа што правилата за гаранција важат меѓународно. И ако се смени дистрибутерот на брендот, новиот дистрибутер не е обврзан да ги почитува ваквите договори со разни сервиси за монтирање на плин. И мислам дека завршивме со клипот.
« Последно менување: 16 Август 2014, 02:58:05 am karajann »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #833 на: 16 Август 2014, 03:46:23 am »
скокаш од тема на тема... прво постираш за правила во србија и губење гаранција а после постираш линк до самонаречениот “доктор“ за форд возила кој објаснува дека има гаранција по нивни договор...

инаку меѓународно.. ок... ајде меѓународно.. ако купиш нова кола и ако ти се деси срање, секако го имаш каско осигурањето а и некој пакет од амсм или сличен таков кој ке те одшлепа до дома, па таму со импортерот или тој што ти ја продал колата ке средиш...

друже, премногу го тупиме... јас возам на плин уште од времето кога цена на литро плин беше 7 денари... знаеш кога беше тоа? тоа беше времето кога не се атестираа плински уреди, машински не ни знаеше дека треба да се прави атест... од тогаш до сега, имам сменето стотина мои лични возила, и секое возило имам извозена бајаги колиметри... НЕ ВОЗАМ ДИЗЕЛ, зашто го мразам, мои лични причини и видувања на работите... имам товарно возила на дизел и толку... не возам на бензин зашто со плинот штедам... и тоа многу штедам, бидејки многу возам... сите мои возила што сум ги имал, ако немало плин кога сум ги купил, уште првиот ден од купувањето завршувале на монтажа... АМА ОДМА, ПОД ХИТНО...

сакам да ти кажам, дека не се врзувам емотивно за возило за да го наречем пресечувањето на 2-3 жички заедно со дупнувањето на некое дупче за штравче касапење на возило.. тоа е претеризам... модификација да, тоа е правиот збор. а за безбедноста, да не прајме муабет, претходно веке пишавме, а и други ти посочија за безбедноста...

исто така гаф-блаф муабетот дека плинот е сув и затоа се расипува моторот.. мислам што да кажам, глупо е... уште една од глупостите е дека плинот бил послаб од бензинот, имал помалку октани.. пази да не.. плинот има поголема октанажа од било кој бензин, од тука и доаѓа проблемот со повисока температура на моторот и издувните гасови... некој мал процент на возила имаат проблем со вентилите ако се вози само на плин.. но затоа ПОВТОРНО светските експерти измислиле и за тоа решение т.е. капалка која ке ги спаси вентилите...

збачи епилог... ти си убеден во тоа што си, но немаш искуство никакво... читање по нет, видео клипови, рекла казала... тоа не е искуство.. искуство имам јас и таквите како мене што возеле на плин повеке разни типови на возила... би требало тоа мое искуство да ти значи нешто, да го имаш како репер, на следното твое размислување за плински уред...

патем речено... прашај ги тука присутните дали се сложуваат со следнава теза:

кога ке вградиш плин во колата, се каеш само за една работа, а тоа е затоа што не си го вградил порано... е прашај ги и зашто.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #834 на: 16 Август 2014, 13:43:05 pm »
кога ке вградиш плин во колата, се каеш само за една работа, а тоа е затоа што не си го вградил порано...


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #835 на: 16 Август 2014, 14:08:05 pm »
Тоа беше реченицата од Симо која ме натера да се јавам во Плимонт на времето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #836 на: 16 Август 2014, 16:49:17 pm »
НЕ ВОЗАМ ДИЗЕЛ, зашто го мразам, мои лични причини и видувања на работите...

Цената не е фиксна, но неочекувајте премногу да спуштам, а замени доаѓаат во предвид САМО ЗА ВОЛВО кола исклучиво со клима да биде, предност имаат турбо дизели автоматик ке се смета за добар поен при пазарење... или пак кеш.

замена може, ама само за друго волво, може и турбо дизел. јавете се и понудете.

Ситуацијава ме буни. Не сакаш Мразиш дизел, а од друга страна прифаќаш замена за турбо-дизел, па уште и автоматик - според ова дефинитивно би го задржал тоа возило за себе.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #837 на: 16 Август 2014, 16:53:35 pm »
не се објаснети сите причини зашто барам волво со турбо дизел... има време, кога и ако се деси тоа, тогаш ке објаснам, а ако станете пофини (какви што бевте пред 3 години одприлика) и проектот ке го презентирам... :D

и да се деси (ако се деси) а сум со намера да се деси, пак нема да биде дизел... и нема да возам на дизел... ЦНГ како единствено гориво ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #838 на: 16 Август 2014, 17:11:22 pm »
Како да ти кажам, ама премногу сериозно се сфаќаш самиот себеси. Не беше ниту напад, ниту ништо, едноставно ме интересира(ше) приказната позади дискрепанцата.

Ако не сакаш да кажеш, твоја работа и твое право.

Нејсе, доаѓаме до заклучокот дека ти немаш ништо против технологијата позади дизелот, туку само против самото гориво.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #839 на: 16 Август 2014, 17:20:51 pm »
Неќе да загадува со NOx.