Гласање

Која фирма е најдобрата за местење на плински уред за кола. (пари, квалитет, се)

Плимонт
130 (72.2%)
Новус
15 (8.3%)
Мармил Монт
12 (6.7%)
Кар Систем
15 (8.3%)
Дурла ЛПГ Битола
3 (1.7%)
Плинмонт Битола
5 (2.8%)
Плинстарт Јовус Битола
0 (0%)

Вкупно гласови: 180

Автор Тема: PLINSKI UREDI  (Прочитано 502872 пати)

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #540 на: 19 Март 2014, 10:21:43 am »
Да кај оние возила што имаат резервна гума во стандардна димензија. Како што напоменав, кај мене на пежото не е подигнато, кај фокусот малку.
Кај оние возила со мала резервна гума, можно е да се појави овој проблем со монтирање на боца над 32 л (незнам точно како одеа димензиите). плимонт најубаво ќе објасни :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #541 на: 19 Март 2014, 10:27:28 am »
Kaj мене не е подигнато ништо. А и скоро секаде каде што сум видел не е подигнато.


За да извадимде корисни заклучоци наведи:

Видов кај тоа и тоа возило, тип тој и тој боца толку и толку литри и не е подигнато.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15991
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #542 на: 19 Март 2014, 10:34:16 am »
@Kalimero @Smole

Фала ви.. Ова се информациите што ги барам.

Воедно баш ме интересираат вашите возила во иднина.

 Смоле, те молам сподели кога ќе се распрашаш околу потребата за подесување на вентилите кај твојот мотор (од оние линкови што ги пратив).


Инаку една од причините зашто не ставив плин во HR-V то, беше подигнатиот под на багажникот (за некој цм, ама ќе ме нервираше).

Истото го имам видено во Форд Фокус на другар ми што го вози на плин.

@Dјidјi. Дали и кај тебе е подигнат подот од багажникот?




денес има мнооогу различни боци на пазаров... добар дел од нив имаат и во плимонт. и јас имам боца наместо резервно тркало и тоа 58 литарска боца... не ми е подгинат теписонот, не ми пречи и тоа е тоа... поради тоа што стално патувам надвор, обично се прашува за ризикот од немање резервна гума... е па јас го решив проблемот така што обезбедив од сите варијанти за санирање на дупната гума... и она пената во боца (такви 2) компресорче на упаљач што полни, и она со црвчињата (така ги викам) со рачка што се пикаат директно во самата гума во дупката да речеме од шајка...

патем речено потрошувањето на плинот од боцата не е до 80% туку е 100%... она што те збунило е дека полнењето од волуменот на боцата е околу 80% доколку ја има гасната фаза... ама тоа се старите заштитни системи. со сегашнава нова технологија, (неколку години нананзад) во плимонт колку боци монтирав сите до една полнеа 100% од волуменот и сите до една се празнеа 100% од волуменот (ок литражата нека биде) еве пследнава боца ми е 58 литарска (нај голема место резервно тркало) 58 полнам 58 празнам... на 54-55 почиња да ми сигнализира т.е. на повисоки обртаи почиња да префрла на бензин... рачно префрлам на плин пак и со пониски обртаи возам до плинара... 3-4 литри плин ми се возење околу 20-25 километри... за таа километража било каде да си во европа ке дојдеш до бензинска па што сака нека биде...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #543 на: 19 Март 2014, 10:40:17 am »
Со голема резервна гума собира најмалку 47литри боца без да се гледа. Толку имам јас. Кај возила со поголема гума (Алфа 166, Дастер, Туарег) собира и 60литри. А може и повеќе. Без да се гледа.

Се гледа само ако дупката за тркало е за мало тркало.

Незнам дали има врска осетливоста на моторот на плин, со ова. Ама ете.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #544 на: 19 Март 2014, 10:43:05 am »
Веќе во дискусијава полека ги гледаме предностите и мааните на инсталација на плинот.

На крај можеме да составиме една листа од предности, и кои потенцијални маани би биле (па да може некој полесно да одлучи што и како).

@Онак, нема некаква визуелна контрола на тоа уште колку плин има во боцата?

 Исто, прочитав дека кај некои марки и типови на возила, кога ќе се вгради плин, не е точна идикацијата уште колку бензин има во резеорварот повеќе.

Колку е ова вистина? Како се решава?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1918
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #545 на: 19 Март 2014, 10:58:10 am »
Мислам дека сите боци се иста висина, се разликуваат во радиус само. Така да кај мене и најмалата да ја ставев, пак ќе подигаше, а ќе имаше повеќе простор околу боцата.
Инаку да, колите кој имаат простор за мало резервно тркало, тие го подигаат теписонот. Оние со големо резервно тркало немаат гајле.

Крелл, за покажувачот на бензин би требало да каже Плимонт или некој кој работи со тоа, на некој возила паѓа стрелката за бензин.
Од она што сум видел паѓа кај Меган и Аурис фејсилифтот.
Кај мојот Аурис, при возење на плин, покажувачот за количество на бензин е точен, но на борд компјутерот паѓаат километрите преостанати за возење на бензин.Така да голем дел од времето таму стои дека има уште 0 километри да се поминат на бензин, иако има пола резервар со бензин.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #546 на: 19 Март 2014, 11:02:24 am »
Ама кога ќе префрлиш на бензин, све си покажува точно како и претходно?

Или и тогаш не покажува точно?

Фала ти за информацијата за боците...

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1918
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #547 на: 19 Март 2014, 11:05:59 am »
Не не, бордот ќе си стои нула и понатака, или ке продолжи да паѓаат километрите од таму каде што паѓале и кога била на плин.
А сказалката за бензин ќе почне да паѓа како што се троши бензинот нели. Таа не е проблем кај мене, точна е.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #548 на: 19 Март 2014, 11:08:01 am »
Ова не ми е јасно зашто би било така.. Кога се вози на плин, од прилика ми е јасно зашто не покажува точно уште колку км може да се извозат на бензин.. Ама кога ќе се префрли на бензин, зашто и понатаму не покажува како треба?

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #549 на: 19 Март 2014, 11:24:47 am »
Ист е случајот кај мене на пежото, кога се вози на плин, сказалката за бензин паѓа исто како да возиш на бензин. Јас сум приметил дека ако имаш половина и повеќе резервоар со бензин, коага ќе дојде сказалката на нула си се ресетира на точното ниво што го имаш во резервоарот. Според дечките од сервис на пежо, тоа е така бидејќи сказалката за бензин ја чита состојбата од дизните а не од резервоарот.
Иначе, ако дополниш гориво, сказалката ќе си се ресетира

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20897
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #550 на: 19 Март 2014, 12:23:16 pm »
Ај некој ако може подетално нека го објасни ова со борд-компјутерот, потрошувачката итн итн...

Друго, кај мене индикаторот за бензин е дигитален, не е со стрелка, па што мислите, ќе шета горе-доле? :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #551 на: 19 Март 2014, 12:24:29 pm »
Проблемот е кај некои Пежо и Рено модели, заради моментот на правење паметен и мерење на количесвото на гориво во резервоарот преку дизните, наместо со „пловак“.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9591
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #552 на: 19 Март 2014, 12:36:12 pm »
точно, и евентуално уште поголемата заебанција со Аурис, горивото стои а км до бензинска пагаат.

на сите други би требало да е ок посебно од VW бензинот си стои колку што има бордот си покажува точно, моторот осетлив не осетлив си работи на плин :)

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #553 на: 19 Март 2014, 12:57:33 pm »
Значи само кај групацијата Пежо-Цитроен и знаело на некој меган да се деси да паѓа стрелката за горивото.
Според мене збунката со бордот дека покажува нула км до бензиска, а сказалката си го покажува реалното ниво, не е и некој проблем.
Кај мене на Фордот, немам никаков проблем, исто е и на Опел и на Ибиза, ви кажувам од блиски луѓе кои имаат инсталирано плин.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1918
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #554 на: 19 Март 2014, 13:04:39 pm »
Претходно на Опелот преостанатите километри си стоеја и не паѓаа, или и да паднеше некогаш за кратко се ресетираа и пак стоеше вистинската бројка.

На Тојотава си паѓаат, и да имаш пример полн резервоар бензин а да покажува 0 км до бензиска, доволно е 200 денара да сипеш бензин и ќе ја покаже точната бројка на преостанати километри.

Инаку се друго на бордот си функционира, просечна, моментална потрошувачка итн итн.

Мада за мене тотално небитна функција, и кога возев на бензин никогаш не ја гледав и не се потпирав на неа.

За мене многу побитно беше во секој момент да го покажува точното количество бензин.