Мислам дека сите боци се иста висина, се разликуваат во радиус само. Така да кај мене и најмалата да ја ставев, пак ќе подигаше, а ќе имаше повеќе простор околу боцата.
Инаку да, колите кој имаат простор за мало резервно тркало, тие го подигаат теписонот. Оние со големо резервно тркало немаат гајле.
Крелл, за покажувачот на бензин би требало да каже Плимонт или некој кој работи со тоа, на некој возила паѓа стрелката за бензин.
Од она што сум видел паѓа кај Меган и Аурис фејсилифтот.
Кај мојот Аурис, при возење на плин, покажувачот за количество на бензин е точен, но на борд компјутерот паѓаат километрите преостанати за возење на бензин.Така да голем дел од времето таму стои дека има уште 0 километри да се поминат на бензин, иако има пола резервар со бензин.