@Djidzi Доста чиста и педантна инсталација. Ако дојдеш некогаш на пиво, баш сакам детално да ја разгледам како доста добар пример за инсталација.
Како што гледам, не губиш ништо од багажникот, односно си е идентично рамно на подот во багажникот ко и пред тоа, така?
За да постигнеш такво нешто, колку литарска боца користиш?
Колку КМ можеш да поминеш со едно полнење на таа боца?
За оние што патуваат надвор од МКД... Колку тешко е да најдеш компатибилна пумпа со вашите плински инсталации во поглед на пиштол што може да наточи? (читам дека има разни стандарди, и дека можно е да не можеш да наполниш од таа причина).Ова поготово ме интересира за начинот како е изведено кај Djidji (веројатно нема разлика од другиот начин, ама пошто не знам затоа и прашувам).
Смоле спомна и за некаков адаптер, може ли подетално околу него? (цена, се наоѓа ли лесно, лесен ли е за користење...)
Ова прашувам за во Словенија, Австрија, Германија, Франција, Унгарија, Грција..
За Србија, Хрватска, Бугарија и Италија веројатно сигурно немате проблем.
Кога одите на подолг пат, како ја транспортирате резервната гума, и дали воопшто носите резервна гума?
И од форумов две возила ме интересираат како се однесуваат после плинската конверзија, и поготово што ќе се случува со нив во наредниот период.
Тоа е Субару Форестерот на Смоле и некој спомна Тојота Аурис.
Колку пројдени км имавте кога направивте конверзија?
Колку имате од тогаш пројдено на плин?