Гласање

Која фирма е најдобрата за местење на плински уред за кола. (пари, квалитет, се)

Плимонт
126 (71.6%)
Новус
15 (8.5%)
Мармил Монт
12 (6.8%)
Кар Систем
15 (8.5%)
Дурла ЛПГ Битола
3 (1.7%)
Плинмонт Битола
5 (2.8%)
Плинстарт Јовус Битола
0 (0%)

Вкупно гласови: 176

Автор Тема: PLINSKI UREDI  (Прочитано 414536 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1770 на: 04 Март 2019, 17:59:14 pm »
6 години возев плин и повеќе или помалку сите се соочуваа со слични проблеми. Вогллавно беше собирање смола во расплињача, укрутена мембрана, условно свеќици, па наводни проблеми со  струја...и вртење во круг електричар па механичар, па плинар.
Никогаш не беше досадно со главната тема на муабет: потрага по "убав" плин :) додека се чека на ред кај мајстор.

Напоменав дека можеби работите се подобриле во меѓувреме но гледам и на форумов се вртат истите муабети (маки) па си реков да допринесам со факти од моето искуство.

ПС имам колега на работа кој некни се фалеше на негов пријател како е супер евтино возење на плин, заборавајки дека му побеле коса неможејки да ја среди колата како треба. Сега чека субвенции за да го смени цел систем ;D
« Последно менување: 04 Март 2019, 18:07:18 pm Mikius »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1771 на: 04 Март 2019, 18:30:10 pm »
Може да ти се прештелува да немаш загуби во снага.
Баш прашав чисто само ме интересираше, ми кажаа дека можи малку да се прештелува али да не се очекува кизнај што освен поголема потрошувачка на плин... Јас не би мењавал ништо, на бензин ако има 193 коња, тогаш на плин би рекол околу 160/170 што се сосема доволни...башка моментално отворено ми троши околу 8 а градска околу 14 што по мое е одлично.. Никогаш немам мерено на бензин да видам колку ќе кажи..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1772 на: 04 Март 2019, 20:46:23 pm »
Може да ти се прештелува да немаш загуби во снага.

Може, може. Со афтермаркет ECU или со rolling road remap со подесување на точките на палење специјално за пропан-бутан. Па пак ќе ти ја сје*ат смешата на пролет или пред зима, и пак ајт у ку*ац :) Успут треба да земеш некој скап уред како принс или слично, со тие јапаначките дизни, за да биде ко што треба...

Инаку, плинче е супер за економија, за тие коли што си трпат. Ама кај нас многу лажат плинарите за тоа кои коли стварно трпат плин. Тоа е поголем проблем.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kmbigor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1773 на: 03 Април 2019, 00:53:58 am »
Здраво,

Имам Ford Mondeo 2 со вграден плин веќе 10 години (не е на дизни, туку од поевтиниот, на плочка или како се вика незнам точно). Секогаш палам на бензин и пали одлично и возам така некоја неколку минути пред да префрлам на плин на 2000 обртаи.
Арно ама ако не е доволно загреан моторот, да има постигнато работна температура (зимно време па и повеке од 20 минути градска) ако згазам кумплуг гаси, како воопшто да нема саух на плин, па изигравам саух со кочница/гас наизменично кога наближувам на семафор, а многу често нема услови за тоа, па и гаси. Префрлам на бензин палам, па возам малку па пак пробувам на плин. Проблемот постои само додека не се загрее и само на плин, на бензин си има саух и не е проблем.

Така е уште од почеток, ама си мислев дека треба да постигне работна температура, бидејќи поновите плинкси уреди префрлаат откако ќе постигнат работна температура, или дека саухот не работи на плин, но како што прочитав по форумиве некои палат и позат на плин или палат на бензин и за кратко префрлаат на плин и немаат проблем со саух.


Некој да знае што може да е причината за мојот проблем?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1774 на: 03 Април 2019, 01:00:35 am »
А зошто воопшто не го палиш нонстоп на плин ? Кај мене комбето више 10 години на плин го палам/гасам.. Само 2/3 пати ми се има случено да замрзни расплињачата ради што фалеше антифриз...

Иначе појди на сервис, ваљда треба плинот да се прештелува.. Кај мене имаше проблем (и на бензин и на плин) додека не загрее знаеше да падни обртајот али очистив некоја клапна кај усисот и од тогаш немам проблем..

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1775 на: 03 Април 2019, 08:45:04 am »
Да го подотвориш вентилчето за плин што е пред плочката?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1776 на: 03 Април 2019, 09:18:52 am »
Најверојатно треба да се прештелува плинскиот уред, да се провери мембраната/смола во расплињача, свекици, итн.

Воглавно, и да отидеш директно на плинар, ќе ја чачнат, и ако нема подобрување ќе ти речат да ја средиш колата на механичар/електричар па потоа да отидеш кај нив.
Се си бара одржување.
Да го подотвориш вентилчето за плин што е пред плочката?
Можно е, но ќе мора и да прештелува и на вентил на расплињачата.
« Последно менување: 03 Април 2019, 09:24:46 am Mikius »

Отсутен kmbigor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1777 на: 03 Април 2019, 14:41:48 pm »
А зошто воопшто не го палиш нонстоп на плин ? Кај мене комбето више 10 години на плин го палам/гасам.. Само 2/3 пати ми се има случено да замрзни расплињачата ради што фалеше антифриз...

Иначе појди на сервис, ваљда треба плинот да се прештелува.. Кај мене имаше проблем (и на бензин и на плин) додека не загрее знаеше да падни обртајот али очистив некоја клапна кај усисот и од тогаш немам проблем..

Кога гасам автоматски се враќа на бензин, па на 2000 обртаи префрла на плин, така да секогаш палам на бензин.
Плинот скоро го штелуваа, а на бензин го немам овој проблем.

Отсутен kmbigor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1778 на: 03 Април 2019, 14:45:38 pm »
Најверојатно треба да се прештелува плинскиот уред, да се провери мембраната/смола во расплињача, свекици, итн.

Воглавно, и да отидеш директно на плинар, ќе ја чачнат, и ако нема подобрување ќе ти речат да ја средиш колата на механичар/електричар па потоа да отидеш кај нив.
Се си бара одржување.
Да го подотвориш вентилчето за плин што е пред плочката?
Можно е, но ќе мора и да прештелува и на вентил на расплињачата.

Ај следно оденње кај плинарите ќе прашам за ова со мембраната и расплињачата. свеќици менував пред нецела година. А тоа да, најчесто викаат сигурно имаш проблем со електриката...
Не го чепкам плинот сам, не се разбирам, ама претпоставувам плинарите ги штелнале и вентилчето и расплињачата кога бев последно пред 2-3 недели.

Отсутен kmbigor

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1779 на: 22 Април 2019, 08:16:56 am »
Откако подетално ме сослушаа плинарите испадна дека е расплиљачата, како што кажа Mikius смола (само тие поинаку го викаат, вазелин или нешто слично беше). Сменија расплињача и сега си е се ок.

Се изнадавав пари за бензин, за еден месец повеќе потрошив за бензин отколку што е расплиљачата  :(

Отсутен Kristijan001

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 65
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1780 на: 05 Јуни 2019, 17:00:36 pm »
Здраво дечки дали некој каде можам да направам штелување на вентилите на kia ceed 1.4 2007 god ? да ми препорачате некој?

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1781 на: 25 Јуни 2019, 00:26:08 am »
Здраво дечки дали некој каде можам да направам штелување на вентилите на kia ceed 1.4 2007 god ? да ми препорачате некој?
Плинекс Јас сум презадоволен, таму го монтирав и таму го одржувам плинскиот уред на Сидот.

Се наоѓа позади паркингот на Холидеј Ин, кај куќите. Еве ти локација од гугл мапс :

https://maps.app.goo.gl/pMTLA2gj6XQZvrvv7

Тел. 070231832 - Саше

Sent from my EML-L29 using Tapatalk


Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 655
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1782 на: 13 Јули 2019, 13:12:45 pm »
Мап сензор за ловато плински уред има можност да се поправи, или негде да се купи нов?
Ваков е како на сликата.

Отсутен Tanevski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1783 на: 27 Јули 2019, 19:28:45 pm »
Здраво Друштво, дали на некој му се има случено да неможе да наполни полн резервоар плин? 1200 ми беше целосно сега само 900 можам? Помош :D
PS: моделот на уредот е Тартарини

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8004
  • Плинаш!!!
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #1784 на: 27 Јули 2019, 23:28:21 pm »
Ништо страшно, нормално е на овие надворешни високи температури да не собере до крај.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk