Здраво,
Имам Ford Mondeo 2 со вграден плин веќе 10 години (не е на дизни, туку од поевтиниот, на плочка или како се вика незнам точно). Секогаш палам на бензин и пали одлично и возам така некоја неколку минути пред да префрлам на плин на 2000 обртаи.
Арно ама ако не е доволно загреан моторот, да има постигнато работна температура (зимно време па и повеке од 20 минути градска) ако згазам кумплуг гаси, како воопшто да нема саух на плин, па изигравам саух со кочница/гас наизменично кога наближувам на семафор, а многу често нема услови за тоа, па и гаси. Префрлам на бензин палам, па возам малку па пак пробувам на плин. Проблемот постои само додека не се загрее и само на плин, на бензин си има саух и не е проблем.
Така е уште од почеток, ама си мислев дека треба да постигне работна температура, бидејќи поновите плинкси уреди префрлаат откако ќе постигнат работна температура, или дека саухот не работи на плин, но како што прочитав по форумиве некои палат и позат на плин или палат на бензин и за кратко префрлаат на плин и немаат проблем со саух.
Некој да знае што може да е причината за мојот проблем?