Трета никогаш не е пуштила на цигла гас. Трета е воедно и најизбалансирана како што треба да биде, со знаци на ремап.
Во втора старата ламела пушташе од мала гас кога ќе натепаш цигла и ќе клизне, новата не сум ја заприметил и не ризикувам - пробувам. Во прва не ја ни пробувам воопшто со нагли стартови а верувам гумите ќе пуштат први. Ме има провозено пријател кој од втора ја врати во прва со 40км/х, од трета во втора со над 60км/х со новата ламела и не пушти ламелата. Поентата е дека во таков режим кога си ги има обртаите, нема гајле ламелата.
Прва и вора имаат МНОГУ ЕКСПЛОЗИВЕН буст (можда нестручно и грешка го кажувам).
Рипаат обртаите наеднаш, експлозивно. Спротивно на тоа, четврта и петта се мртви до 3000 обртаи а се одлични над 3500 обртаи. Во четврта и петта никогаш не пуштила ни старата ни новата ламела. Да ја најдам и ќе ја сликнам старата ламела.