Без везе е тоа што луѓето споредуваат мотори според декларираната максимална моќност. Никој не споредува криви, па дури ни тие шиткачите во салоните. Кога ќе им спомнеш карактеристика на мотор те гледаат на криво, као „шо се замишња овој шо ми се прави паметен“?
А тоа ДЕКЛАРИРАНА го потенцирам, бидејќи излезе дека реалната максимална моќност кај сите возила е помала со некои 10%.
Како и да е, дизел и бензин моторите се многу различни во нивните принципи на работа. Затоа се различни и нивните карактеристики. Па затоа е и тешко да се споредат. Од аспект на економичност, турбо-дизелот е најдобар без конкуренција. Од аспект на перформанси, турбо-бензинецот е без конкуренција. Од аспект на патничко семејно возило избаланирано во перформанси и економичност, турбо-дизелите се најповолни.