gi procitav site postovi i 90% od niv se posledica na balkanski mentalitet, samo se zbori nisto ne se pravi,
Се согласувам, има членови на форумов кои само малтретираат по теми, како незнам што е најдобро на светот од времето на Исус па наваму, а наводно джат во тајност што возат, ако воопшто нешто возат.
vo posledno vreme se forsira REMAP koj e efikasen na disel motori(zavisi za koi), za benzin dzabe frleni pari(ako sakas da dobies nesto ke fuknes 700/800 evra ke napravish chip tjuning i ke osetis razlika,ama da ne bide chipot obicno integralce od 100 denara sto na EPROM ke go bocne nekoj ke mu iskopira nesto sto nasol na net i ke zima 400 evra za toa)
Ремап е ефикасен кај турбо мотори, без разлика дали се бензинци или дизелаши. Кај атмосферци не е, исто така, без разлика дали се дизел или бензин. Во зависност од куќата и моторот, саглам ремап чини од 300 евра за помали турбо-дизели до 600 евра за големи атмосферски бензинци.
po komentarive sto gi procitav do sea mnogu se malku lugjeto sto otvorile motor, simnale glava, kupile novi klipovi, novi ventili, eksperimentirale so bregasti, izduvni grani itn...
Токму така. За такви зафати треба да имаш доволно скапо возило на кое ќе се исплатат таквите зафати и одповеќе пари за да го напрвиш. А знаеме кои се нашите услови.
KN filter ,zaden lonec menjanje topcinja na menjac se super moment ama daleku se od tjuning....
Толку се можностите на нашите ентузијасти.
a testiranjeto koe se razgleduva vo ovaa tema e super za testiranje na kola koja e standard,procitav elasticnost na motor... mnogu poveke zavisi od menjacot
тој болдираниот дел е вон доменот на мноштовото само-прогласени експерти. За нив не постојат карактеристиките на моторот и менувачот, факторите како тежина, аеродинамичност, големина на гуми и тн. Ќе видиш дека си споредуваат (турбо) дизел од x KS со (атмосферски) бензинец од y KS и потоа мастурбираат.
sepak pogolem dozivljaj e da meris od 0-100 ili 0-200 zavisi so koja kola
Неможе да се мери од 0-200, затоа што ретко чие возило може да развие 200, посоебно не на тие експертите. 0-100 e интересно, но е ретко сценарио. Меѓузабрзувањата се реални сценарија. Но начинот на кои се споредува овде е абсолутно неисправен. На пример еден автомобил во 4-та развива поголема брзина од друг во 5-та. Нема логика да се споредуваат резултатите во 4-та или 5-та или било која друга брзина на тие два автомобили и да се извлече заклучок. Правилно е да се измери во најсоодветната брзина, забрзување од 40 до 80, од 60 до 100, од 60 до 120, од 100 до 160, од 100 до 200 и тн. Кај некој некои мерења ќе бидат во 2-ра, кај некој 3-та, други мерења кај некој ќе бидат во 4-та, кај некој во 5-та или 6-та.