Пред едно дваесетина години, в населба кај мене едно пијаничиште возеше вакво количе. Светеше количето. Ние дечиштата научени да гледаме Фичо, 101, Лада Жигули, Шкода Чамојца, Фиат 1300 и по некоја Пезетка, ова некако ни беше ко од филм. Ќе се паркираше пред коперација пијаничиштето... рокерка, каубојка, пецто кец...
- Шо кола е ова? - ќе прашавме
- Е баме, ПРИНЦ, баме!
Ееее то пијаничиште, денес... денес е уште поголемо пијаничиште. Пешки оди, пошо паѓа од точак...
ПРИНЦ баме!