Пред 2 дена на бензинска во Гевгелија
VW T1 темно жолта боја со бел кров спуштен патос на земја со алуминиумски хром бандаши петоркака со хром ретровизори и хромиран багажник на кров.Тегнеше глисер на приколка која ги имаше истите хромирани бандаши како и комбето.Комбето беше на холандиски регистарски таблички и лугето тргнале од Холандија со него,одеа за Грција.Направив 2-3 реда муабет со нив го изманијачив комбето 20-30 круга околу него....
Инаку моторот на комбето ѕвонење ...кога го запали едноставно броеше....досега не сум слушнал толку убаво да работи таков мотор...едноставно ке кажам перверзија
И немаше да пишувам толкав реферат ако имав батерија на телефонот за да го сликам...ама за жал немав....
Но ке ми остане во глава сликата од тоа комбе....