Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 528692 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1350 на: 22 Ноември 2013, 19:34:51 pm »
Ми остана од дедо ми (почина пред 1 недела) застава 850ка (фиќо), па планирам да почнам да го средувам..
Значи фиќово е стакло, 82ра година, возено околу 10тина години, потоа имало проблем нешто со моторот (мислам дека пукнал блокот), па го ставиле во гаража, се додека дедоми не го купил и го средил проблемот (пред 10тина години)...
Некој да ми каже кои се критични места за можна корозија ? Нешто друго да проверам, да видам дали ќе го биди ?
Утре ќе го запалам после 4/5 месеци, ќе снимам, а и ќе сликнам некоја слика, да видите за што се работи...

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1351 на: 22 Ноември 2013, 19:38:17 pm »
Уууу како моето провери под крила прагови патос и да го видиме :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1352 на: 22 Ноември 2013, 19:39:12 pm »
критични места, стубчината кај што стојат вратите, назад кај што се штрафи травезната, предните држачи каде што стои федер платното. Ова колку да не се убиеш дури го пробваш, инаку венците се критични, праговите, зад фаровите, назад кај ладњакот.. нека ме надополни Пецони

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1353 на: 22 Ноември 2013, 19:40:57 pm »
критични места на корозија се стубот напред, крило ова она бидејки фичото нема подкрило, прагови, венчиња, назад позади ладњакот, тие се најчести места каде што можи да кородира фичо

ете и Мартин ме има преварено  :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1354 на: 22 Ноември 2013, 21:49:07 pm »
ајде и јас да кажам :)
од напред према назад
Спојот на челен лим со крила, чашките на фаровите
делот на трапот кај што се штрафат вуљушките и носачот на федер платно
Стубовите на вратите
Делот кај разбојот од двете страни
Појачувањето во прагот
Средните стубови во делот кај прагот
Задната греда, посебно во делот кај што се штрафат траверзните
ако ова ти здраво имаш одлична основа за работа
А прагови и полимесеци ич да не му ја мислиш, за еден ден се средува тоа
Би било добро да бидат здрави и задните кошеви, али и да не се се средуваат
напрај некоја слика

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1355 на: 22 Ноември 2013, 22:13:11 pm »
Ќе сликам.. Пола од овие знам дека се здрави али океј..
Него имаше дедо ми контраш пред 10тина години, во одлична состојба, ама тогаш уопште не знаеле што е олдтајмер, па го продал тоа, и го земал сегашново ( само поради тоа што ова поново било..)...

Само едно ме чуди, предните жмигавци не се под фаровите, на челниот лим, него се на браникот... Правоаголни се.. Гледав баш под фаровите дали има нешто варено, сечено ама нема... Немам видено друго фиќо со такви жмигавци... Некој да не знае за што поточно се работи ?

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1356 на: 22 Ноември 2013, 22:19:41 pm »
најверојатно е заварено само неможеш да го приметиш или што е помалце веројатно ако некогаш е крпено да се ставени крила од втората серија фичовци што жмигавците им се горе на крилото
Провери дали горе на крилото е крпено

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1357 на: 22 Ноември 2013, 22:23:49 pm »
еве еден одличен олдтајмер !

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=810139
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1358 на: 22 Ноември 2013, 22:31:14 pm »
најверојатно е заварено само неможеш да го приметиш или што е помалце веројатно ако некогаш е крпено да се ставени крила од втората серија фичовци што жмигавците им се горе на крилото
Провери дали горе на крилото е крпено
Каде горе ? Знам фиќово не е фарбано, прва боја е, можно е првиот газда кога го земал да мењавал нешто..

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1359 на: 23 Ноември 2013, 14:19:28 pm »
Еве некоја слика од фиќулево..





Тука се гледа патосот, нема воопшто корозија..



Еве слика кај што треба жмигавецот да стои.. Како што се гледа, нема никакви преправки..



Вакви се сите седишта (стакло)..



Тука се гледа малце корозија, ама ништо страшно, површинска е..



Овде веќе нема ни површинска..


Тоа како валкано што се гледа, незнам зошто на сликава е така, ваљда поради сенката..

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1360 на: 23 Ноември 2013, 14:32:49 pm »
Па прекрасно е Luxe најдобриот модел жмигавците преправани се од друг газда ако не се од дедо ти и кој ти се планови ...:)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1361 на: 23 Ноември 2013, 14:40:32 pm »
Планови имам 12312512.. Али напрво:
-Да се смени мотор (или пак барем декла, пошто сегашната е пукната, залепена е, ама не изгледа баш добро.. а моторот е одличен, си пали, вози и све е како што треба е)
-Комплетно да се реставрира (60% од деловите ги имам, ама другите 30% тешко дека ќе ги најдам)
-Да се сменат приљубниците со зглобови..
.........


Него попосле ќе го постирам видеото од прееска кај што го палевме после 4/5 месеци.. Запали после 3/4 секунди верглање (без саух)...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1362 на: 23 Ноември 2013, 18:34:55 pm »
odlicno ficko. Place za peskarenje i prefarbuvanje. Sreduvanje motor (najdobro standard) i da se cuva.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3410
  • Хюндай Тюсон
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1363 на: 23 Ноември 2013, 20:16:17 pm »
Фичово плаче само за бузуки да го испука едно добро година две додека да стекне искуство какво пескарење на фичо сите полуделе. 

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1364 на: 23 Ноември 2013, 21:16:36 pm »
здраво е фичево
провери го од доле обавезно и да го исчистиш деталано
претходно ја имаат работено лимаријата се гледа по крилата и полумесецот што ти е сликан
Ако е главата проблем стај си од специјал или 850ка
@Кими кажи ми зошто да не се пескари фичо?