мене ми се чини дека е производство помеѓу 2007 и 2009-та...
и во америка и во нов зеланд кога бев, лично ги посетив тие работилници кои прават кастом реплики на некои возила. едноставно, зимаат некој олдтајмер како модел, па го фотошпираат онака како сакаат и почињаат од почеток... зимаат железо, прават шасија, на преса лимови, фарови од она, штопови од ова, мотор онаков, со мењач ваков и прават уникатни возила како ова погоре на сликава. после се знае, атест, регистрација и продажба по баснословна цена... во нов зеланд во недела се возе овие возила... сандеј карс, така им е “надимакот“... во недела се возат вакви “чудовишта“... што се имам изнагледано тоа чудо едно