Ми остана од дедо ми (почина пред 1 недела) застава 850ка (фиќо), па планирам да почнам да го средувам..
Значи фиќово е стакло, 82ра година, возено околу 10тина години, потоа имало проблем нешто со моторот (мислам дека пукнал блокот), па го ставиле во гаража, се додека дедоми не го купил и го средил проблемот (пред 10тина години)...
Некој да ми каже кои се критични места за можна корозија ? Нешто друго да проверам, да видам дали ќе го биди ?
Утре ќе го запалам после 4/5 месеци, ќе снимам, а и ќе сликнам некоја слика, да видите за што се работи...