Види сеа, ја со фичо сум се научил да "возам" на 13 години и никогаш нема да го гледам како крш т.е на ни една стара кола не гледам како крш за разлика од некој
Јас на старите коли гледам како железо кое му пркоси на времето, железо без кое не се можело пред 30тина и повеќе години, како една легенда
А олдтајмерите како олдтајмери не се дрифтање, горење ламели и курчење, тоа е непочит кон колата која те носела на лекар кога си бил болен, кога ги возела твоите пред да се родиш
Олдтајмерите се за уживање, да го запалиш и да го слушаш. Првото палење со саух, неколку пати на туража и малце верглање па дур да загрее моторот ја бришеш од прашина седнуваш и возиш