Во право си. Исто како што секој си има различен вкус и секогаш пробувам да избегнувам такви дискусии. Еве според мене, а немора никој да се сложи со моето мислење, една кола да е олдтајмер значи освен годините, да има специфичен изглед како надворешен така и внатрешен, да одговара на едно друго време и кога ќе се возите во неа да се осеќате како во временска машина. Некои коли кои се измеѓу старото и модерното ги сакам и ми се допаѓаат на посебен начин (да речеме твојот Голф и Кадетот на Кими) но не како олдтајмери.