Американската мануфактура на хипер автомобили Shelby SuperCars SSC која со прикажувањето на концептот Tuatara му фрли ракавица в лице на Bugatti Veyron Super Sport од новиот V8 извлекува 1.700 КС.

Главниот инженер и основач на SSC, Џерод Шелби, е полн со пофални зборови за новоконструираниот 6.9 литарски битурбо V8 кој на првичните тестирања успеал да ослободи 1.350 КС и вртежен момент од 1.735 Nm.
Но, тука не застануваат подвизите на монструозниот V8 кој сето ова го прави со бензин од 91 октани и при ограничување. Меѓутоа моторот е конструиран за да достигне многу повеќе за оние сопственици кои не сакаат ограничувања.
Според Џерод Шелби при 9.200 врт/мин од кои почнува црвената зона, моторот без блокада може да испорача неверојатни 1.700 КС. Максималниот број на вртежи што може да го достигне овој V8 се 10.000 врт/мин.

Тука не застануваат подвизите. На тестот на издржливост моторот е држен на 5.500 врт/мин, цели 5 минути. Потоа за да се оладат издувните вентили вратен е на лер 30 секунди и повторно е оптеретен на максимум во уште една сеанса од 5 минути.
За да се долови сликовито колку е напорен овој тест од SSC го објаснуваат како автомобилот да се качува по стрмен пат при константна брзина од 442 km/h колку што изнесува максималната брзина на Tuatara.
Сето ова го подигнува интересот за Tuatara чие производство сеуште не е почнато, но сепак, во списокот на SSC се впишани близу 100 порачки за овој монструм на четири тркала со почетна цена од 696.000 евра.
http://vozi.com.mk/vesti/1-700-konji-brevtaat-vo-tuatara.html