Да се воздржиме барем 40 дена после смртта на дизелот да не ги истакнуваме неговите лоши страни.
Духот сеуште е присутен меѓу нас на земјата првите 40 денови после смртта, после тоа духот заминува на другиот свет, и ние ќе може да дискутираме слободно.
Несомнено е дека покојникот беше тежок грешник, и дека големи гревови има направено врз озонот и животната средина.
Но сега со 4 кубика земја над него може само да остави сеќавања зад себе за нас што продолжуваме да живееме со болката дека покојникот го нема.
Можеме на раат да се исплачеме во нашите турбо бензинци, атмосферци, плин, електрични возила.
Спомнувајте го покојникот во молитвите, и капнете си дизел гориво во зејтинчето од кандилото. Нека духот дизелски биде присутен со миризбата на темјанот.
Вечна му слава.