Германците се обидуваат малите потрошувачи да ги префрлат на обновливи извори, односно на ветер и сонце.
Големите потрошувачи, фабрики, железница и слично ќе бидат уште некое време на конвенционални извори на електрична енергија.
Индустријата им е забрефтана и работи како никогаш до сега, буџетот калапи суфицит, кој што многу интелегентно и паметно го вложуваат.

Главниот фокус им е да ги убијат нуклеарките, и да продолжат да живеат без нив. Имаат пари, имаат услови, тоа многу лесно ќе го направат.
Во моментов индустријата е зависна од производство на струја од јаглен и гас, и тоа мислам дека нема да се смени долго. Во последните 10 години успеаа потребата за електрична енергија да ја сегментираат на индустрија и домаќинства. Благодарение на тоа, се случува експанзијата на производство на електрична енергија од обновливи извори на микро ниво (куќа, зграда, населба) и вишокот рационално се прераспределува во местата каде што се користи конвенвционално производство на струја, со цел да ја убијат зависноста од производство на струја од нуклеарки и слично. И тоа им успева.
Ветерниците се многу распространети во западниот дел кај тромеѓето со Холандија и Белгија. Таму никнуваат ветерници секој месец. Тоа е до некаде и логично, затоа што сончевите денови таму се речиси реткост, и поголема исплатливост за производство на струја имаат од ветер отколку од сонце. Во последниве 12 години многу често сум во таа област и промените се очигледни, на секој 2-3 месеци има нова ветерница или пак цело поле со нови ветерници.
Благодарение на разумниот поглед на иднината и здравјето, Германците, па и скандинавските земји размислуваат како да го подобрат квалитетот на живеењето и затоа посветуваат многу време, пари и развој на замена на "се што загадува" со нешто "ново што не загадува". Ако тие успеат, кремот ќе го јадеме сите, односно сите ќе имаме бенефит од електрични возила, рецилирање на пластика, искористување на дождовница, користење био отпад како погон на термо централа.
Поентата ми е во тоа што примената на електрични возила во секојдневието бара одредена подготовка на општеството и општествениот mindset за да можат тие да се корситат како дел од секојдневието.
Бидејќи кај нас на балканот, а особено во Македонија сеуште има пациенти кои мислат дека греењето на дрва е супер, голфот ми вози на црвена нафта, уљето од картер може да го користам за греење, ДПФ не ти треба, ЕГР-от затни го и терај, нема да можеме никогаш да имаме свест за поздрав живот и почиста животна средина.
Тоа е така за жал најмногу заради сиромаштијата што владее (материјална и умствена), и луѓето се принудени да се снаоѓаат и живеат со компромиси кои се погубни за сите. Па затоа, возењето на дизел, бензин, плин, уље, црвена нафта, кај нас е подобро за разлика од електрични возила кои што глупите Германци, Швеѓани, Данци, Норвежани сакаат да ни ги протнат. Башка што електрично возило не те носи со едно полнење на Халкидики, и не троши 3.9 на темпомат.
Ќе помине уште многу време додека електричните возила станат подостапни и пораспространети, но на запад промената кон електрични возила ќе настапи постепено и неприметно, а кај нас тоа ќе биде речиси стихијно, наеднаш. Во блиска иднина, западот ќе почнува да ги исфрла конвенционалните возила од сообраќај, прво дизел возилата, па потоа и бензинските, што за нашиот народец ќе биде одлична можност да купи "добро количе од Германија", и со тоа успешно ќе им помогнеме на глупите Германци да се ослобидат од ѓубрето и да почнат да возат електрични (хибридни) возила, затоа што законите така им налагаат.
А ние ќе се напуниме со ѓубре и отпад, и ќе се тркаме на велешко брдо, кој прв ќе дигне 200.