Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2179463 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18555 на: 23 Мај 2017, 15:50:18 pm »
Сигурно не е евтино, нуклеарна енергија е најевтина без никаква конкуренција, евтино не е проблемот, цела е да се намали импактот што го имаме на планетата со производство на енергија.
Измеѓу тие дваначина мислев, термо електраните ги спомнав ради  што ми изгледаат доста слични со овие термо соларниве.
Факт производството дека е ефтино од нуклеарките, скалдирањето не знам како оди....
Чернобил одамна си наплати данок во крв...

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18556 на: 24 Мај 2017, 00:11:16 am »
Прашај некој бензинец со торк повеќе од точак дали не менува замајци, пример филипче.
.

Еве ќе го прашам: @FilipM  како стоиш со менување на DMF-и на пунтото?

Колку релевантно прашање за ДМФ предвиден за 150кс, во кола од 300кс.. Браос спинерче Тролко :)


Не сум сменил и не ни планирам да сменам. Ако менувам замаец ќе биде едномасен, кој ќе биде изработен на ЦНЦ и далеку полесен. Меѓутоа, тие работи над 300кс :)


Ниту пак сум сменил ламела/потисна, кои се оригиналните со колата од 120кс. Колава има над 300нм.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18557 на: 24 Мај 2017, 07:21:11 am »
Не се гасат така лесно нуклеарни реактори. Треба околу три години за еден реактор да стане неактивен од моментот на исклучувањето. А треба многу помалце време да се реактивира.

Не се толку глупи дојчовците, колку што ги сметаат.

Не треба да се занемари фактот дека Германија до 2015 околу 13% од електричната енергија ја произведува од ветер. На долг рок ветерниците се поисплатливи од сегашните панели на сончева енергија.

Од друга страна пазарот на елетрична енергија е доста либерализиран и станува се' пософистициран, па ќе се работи на се' подобра искористиливост на произведената електрична енергија на многу поголема територија. И денес веќе има примери кога e дозволена негативна цена на електирчна енергија во берзанска размена. Оваа појава е поизразена кога имаш извори на електирчна енергија како соларна или на ветер, која ако ја произведеш а не ја потрошиш, плаќаш „пенали“ во системот на дистрибуција.

Може ќе доживееме сите мали производители да бидат склопени во "the grid" (Имаше ваков експеримент некаде во Freiburg пред 15 години), па во тој случај да има голема експанзија на производтсво на ел. енергија во глобални рамки.

Ако почнеме сега да ги паркираме хазардниве капацитети за производство на ел. енергија, на сила, ќе  мора да се вложува повеќе во обновливите. Тоа ќе даде поголем буст на целиот пазар на производители на оперема за производство на електрична енергија базирана на обновливи извори. 

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18558 на: 24 Мај 2017, 09:09:06 am »
Германците се обидуваат малите потрошувачи да ги префрлат на обновливи извори, односно на ветер и сонце.

Големите потрошувачи, фабрики, железница и слично ќе бидат уште некое време на конвенционални извори на електрична енергија.

Индустријата им е забрефтана и работи како никогаш до сега, буџетот калапи суфицит, кој што многу интелегентно и паметно го вложуваат.


Главниот фокус им е да ги убијат нуклеарките, и да продолжат да живеат без нив. Имаат пари, имаат услови, тоа многу лесно ќе го направат.
Во моментов индустријата е зависна од производство на струја од јаглен и гас, и тоа мислам дека нема да се смени долго. Во последните 10 години успеаа потребата за електрична енергија да ја сегментираат на индустрија и домаќинства. Благодарение на тоа, се случува експанзијата на производство на електрична енергија од обновливи извори на микро ниво (куќа, зграда, населба) и вишокот рационално се прераспределува во местата каде што се користи конвенвционално производство на струја, со цел да ја убијат зависноста од производство на струја од нуклеарки и слично. И тоа им успева.

Ветерниците се многу распространети во западниот дел кај тромеѓето со Холандија и Белгија. Таму никнуваат ветерници секој месец. Тоа е до некаде и логично, затоа што сончевите денови таму се речиси реткост, и поголема исплатливост за производство на струја имаат од ветер отколку од сонце. Во последниве 12 години многу често сум во таа област и промените се очигледни, на секој 2-3 месеци има нова ветерница или пак цело поле со нови ветерници.

Благодарение на разумниот поглед на иднината и здравјето, Германците, па и скандинавските земји размислуваат како да го подобрат квалитетот на живеењето и затоа посветуваат многу време, пари и развој на замена на "се што загадува" со нешто "ново што не загадува". Ако тие успеат, кремот ќе го јадеме сите, односно сите ќе имаме бенефит од електрични возила, рецилирање на пластика, искористување на дождовница, користење био отпад како погон на термо централа.

Поентата ми е во тоа што примената на електрични возила во секојдневието бара одредена подготовка на општеството и општествениот mindset за да можат тие да се корситат како дел од секојдневието.

Бидејќи кај нас на балканот, а особено во Македонија сеуште има пациенти кои мислат дека греењето на дрва е супер, голфот ми вози на црвена нафта, уљето од картер може да го користам за греење, ДПФ не ти треба, ЕГР-от затни го и терај, нема да можеме никогаш да имаме свест за поздрав живот и почиста животна средина.

Тоа е така за жал најмногу заради сиромаштијата што владее (материјална и умствена), и луѓето се принудени да се снаоѓаат и живеат со компромиси кои се погубни за сите. Па затоа, возењето на дизел, бензин, плин, уље, црвена нафта, кај нас е подобро за разлика од електрични возила кои што глупите Германци, Швеѓани, Данци, Норвежани сакаат да ни ги протнат. Башка што електрично возило не те носи со едно полнење на Халкидики, и не троши 3.9 на темпомат.

Ќе помине уште многу време додека електричните возила станат подостапни и пораспространети, но на запад промената кон електрични возила ќе настапи постепено и неприметно, а кај нас тоа ќе биде речиси стихијно, наеднаш. Во блиска иднина, западот ќе почнува да ги исфрла конвенционалните возила од сообраќај, прво дизел возилата, па потоа и бензинските, што за нашиот народец ќе биде одлична можност да купи "добро количе од Германија", и со тоа успешно ќе им помогнеме на глупите Германци да се ослобидат од ѓубрето и да почнат да возат електрични (хибридни) возила, затоа што законите така им налагаат.

А ние ќе се напуниме со ѓубре и отпад, и ќе се тркаме на велешко брдо, кој прв ќе дигне 200.



Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18559 на: 24 Мај 2017, 10:37:02 am »
Ние немаме централно греење ни термоизолациони фасади. 50% од куќите немаат ни плоча, 30% се од плитар, 70% земаат плата под 200 евра. имаме многу големи проблеми што треба да се искоренат, а се случува спротивното овие 30 години, се повеќе заглавуваме. Последните 30 години објектите во кои живееме станаа 30 години постари и поуништени, цената на недвижнитните рипна 3x последниве 30 години, заради урабаната мафија, затоа што ниту градежните материјали ниту стандардот рипна 3x.
Загадувањето е најосетно во Скопје каде 10 години се сечат дрва и никнуваат нови згради, ваљда лудилото ќе престане. Испадна дека и во другите градови сме имале проблем, најверојатно заради греењето на дрва. Загадувањето е реален проблем, но ќе почека.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18560 на: 24 Мај 2017, 10:44:32 am »
Заборави да спомнеш дека ради политика и исплатливост на урбаните мафијаши нови згради, од по 70 стана и повеќе немаат решено централно греење туку некое локал котел во секој стан од 15kw кој ако го уклучиш троши како 550i.
Многу им се дозволи на одредени луѓе и фирми во Скопје да прават што сакаат и каде сакаат за провизија на локал политичари и партии. Затоа страдаме, затоа и нема гас ради истите тие што сакаат провизија или ги штитат компаниите кои плаќаат провизија, не им е во интерес.
Дебилно е да дебатираме за зелена енергија и изводливи системи во општество кое го наведе Лошко горе. Во главен град како Скопје се дозволува да се грее секој на што сака, дрва, стари греди од шини полни со уље и на што веќе не.
Не утепа мафија 10 години наназад, ништо друго а ние ќе ставаме соларни панели и ќе измислуваме нови инвертери.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18561 на: 24 Мај 2017, 10:59:20 am »

Ниту пак сум сменил ламела/потисна, кои се оригиналните со колата од 120кс. Колава има над 300нм.


Лелеее @LosiPatista , не се распаднал DMF-от од екстра непредвиден торк!!! Шу праиме лошко сеа? ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18562 на: 24 Мај 2017, 11:07:34 am »
Не знам Лошко што ќе праи, ама јас знам дека нема да возам следна кола дизел туку турбо бензинец.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18563 на: 24 Мај 2017, 11:08:16 am »
Таман разумен пост напиша лошко сега го терате да трола и вие што сте :D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18564 на: 24 Мај 2017, 11:09:53 am »
Во еден од неговите постови, пред година дена имаше изјавено дека посакува неговата кола да имала single. Не е тешко да се претпостави зошто. Небитно, ти Симо тврдиш дека трошењето на замаецот не е поврзано со торкот. Тоа е скрос погрешна теорија, но поради нивото на неинформираност на форумов, може да помине. Нека стои тука, па некој ден, кога ќе еволуира малце местово, ќе се насмееме сите громко гласно :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18565 на: 24 Мај 2017, 11:11:17 am »
Не знам Лошко што ќе праи, ама јас знам дека нема да возам следна кола дизел туку турбо бензинец.

Треба човек да проба за да знае што е добро и лошо. Имаш подршка. Ќе се вратиш назад во партија како попарен. И ќе те примиме, без гајле ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18566 на: 24 Мај 2017, 11:16:39 am »
Те разбирам другар, си сакам дизел јас немај гајле, ама кога ќе имам пари да го купам премиум од салон.

А иначе да, попарен сум од проблеми со дизелот и скапите делови.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18567 на: 24 Мај 2017, 11:17:23 am »
Ние немаме централно греење ни термоизолациони фасади. 50% од куќите немаат ни плоча, 30% се од плитар, 70% земаат плата под 200 евра. имаме многу големи проблеми што треба да се искоренат, а се случува спротивното овие 30 години, се повеќе заглавуваме. Последните 30 години објектите во кои живееме станаа 30 години постари и поуништени, цената на недвижнитните рипна 3x последниве 30 години, заради урабаната мафија, затоа што ниту градежните материјали ниту стандардот рипна 3x.
Загадувањето е најосетно во Скопје каде 10 години се сечат дрва и никнуваат нови згради, ваљда лудилото ќе престане. Испадна дека и во другите градови сме имале проблем, најверојатно заради греењето на дрва. Загадувањето е реален проблем, но ќе почека.

Заборави да спомнеш дека ради политика и исплатливост на урбаните мафијаши нови згради, од по 70 стана и повеќе немаат решено централно греење туку некое локал котел во секој стан од 15kw кој ако го уклучиш троши како 550i.
Многу им се дозволи на одредени луѓе и фирми во Скопје да прават што сакаат и каде сакаат за провизија на локал политичари и партии. Затоа страдаме, затоа и нема гас ради истите тие што сакаат провизија или ги штитат компаниите кои плаќаат провизија, не им е во интерес.
Дебилно е да дебатираме за зелена енергија и изводливи системи во општество кое го наведе Лошко горе. Во главен град како Скопје се дозволува да се грее секој на што сака, дрва, стари греди од шини полни со уље и на што веќе не.
Не утепа мафија 10 години наназад, ништо друго а ние ќе ставаме соларни панели и ќе измислуваме нови инвертери.

Кај нас проблемот е системски.

Немаме национална стратегија за развој. Затоа што во институциите седат неспособни шупаци во последниве 25 години. Да не зборам што сакати дудлачи од партија се пикнаа по државни институции и појма немаат што прават.

Немаме термо фасади затоа што никој не се замара со контрола на тоа што се гради. Тие што се малку по свесни и знаат која е предноста, си ставаат термо фасада. Има луѓе кои се свесни, но немаат пари, неможат да направат ништо.
Немаме централно греење затоа што посиплатливо е да се грееш на инвертер клима (и јас се греам на истата). Централното греење што го има во Скопје е монопол, и си калапи профит на товар на корисниците.
Зашто на пример топлификација, БЕГ или како и да се вика, не почне со кампања на прибирање на био отпад и истиот да го користи за греење на вода. Хартија, храна има по контењери колку сакаш. На запад тоа се двои, се става во посебна канта, топланата го откупува, зема, и на сметка на поефтина суровина го поефтинува греењето за сите корисници.

Кредитите што ги земаме на ниво на држава ги инвестираме во споменици, пензии, субвенционирање на странски инвеститори и плати на неспособна администрација.

Ако Скопје 2014 го претвореа во соларни плантажи, односно 1 милјарда ја вложеа на изградба на соларни плантажи, сега ќе имавме струја за извоз, и ќе плаќавме помали сметки за струја.

Греењето на дрва е колатерална катастрофа која што мора да ја трпиме сите затоа што едноставно нема друга опција за истрошениот и сиромав македонски човек.

Пак доаѓаме до прашањето, ако имавме ефтина струја од обновливи извори, многу полесно ќе беше да се стимулира купување на топлински пумпи, инвертери на местата каде што не е достапно централно греење. Во сегашнава ситуација, мора РЕК да гори јаглен, за да врти инвертерот зимно време и да се грееш и да ја гледаш Аријана Гранде на youtubе.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18568 на: 24 Мај 2017, 11:22:53 am »
А така Златко, убаво срочено, да си жив и здрав.

Не е лошо да се отвори една тема  и да се префрлат овие дискусии, да не се помешаат со дизел/бензин.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #18569 на: 24 Мај 2017, 11:33:53 am »
За вкусови не се расправа, по нив се плука.