Плус, ко што сме ние земја со многу сончеви денови годишно..
Па, па, па, за низ град еден e-up, на соларки пунет. Па, па, па.
Ете, пред нос ни е. Ама отидоа парите во гуратз.
Ја имам правено детално математиката, имаме одлично поднебје за солар фарм. Може да се извади висока просечна вредност на ват по метар квадратен соларен панел, која споредено со тоа што го имаат на располагање во Германија е неколку пати подобро во наша полза.
Ама ете...
Колку kw може да се извади од метар лвадратен во просек за 24h?
Уф, не сум пресметувал така, ама ќе се обидам да ти одговорам.
Европскиот просек изнесува некаде 180w по метар квадратен. Овој просек е помал на север (Данска, Норвешка, Шведска 120w по метар квадратен), а повисок на југ (Австрија, Шпанија, Португалија 200w по метар квадратен)

На сликата имаш увид во часови на сончева изложеност на годишно ниво. Македонија спаѓа во релативно висока исложеност со околу 4500 часови сончеви годишно.
Математиките што јас ги правев, доколку во идеален случај се постави панел насочен кон југ под агол од 41 степен, се добива ефикасност од 230w по метар квадратен во добар и чист сончев ден.
Пресметката ми е стара 2 години, што значи веќе има панели со зголемена ефикасност, и јас би одел со бројка од 250w по метар квадратен.
Тоа значи дека во пероиод од 24 часови ефикасноста на панелот од еден метар квадратен ќе биде следна:
Доколку сонцето изгрева во 6:00 и заоѓа во 19:00 и денот е чист без облачост:
6:00 - 8:00 просечна ефикасност 100w (вкупно производство 2 часа - 200w)
8:00 - 11:00 просечна ефикасност 150w (вкупно производство 3 часа - 300w)
11:00 - 17:00 просечна ефикасност 230w (вкупно производство 6 часа - 1380w)
17:00 - 18:00 просечна ефикасност 160w (вкупно производство 1 час - 160w)
18:00 - 19:00 просечна ефикасност 110w (вкупно производство 1 часа - 110w)
Значи на располагање ќе имаш апсолутен збир од 2.15kw струја, или просек од 165w на час.
Пресметката ми е стара 2 години и денешните вредности веројатно се подобрени, и затоа земете ја со блага резерва.