Јас го тврдам следново. Дизелот е толку супериорен што бензинците никогаш нема да го стасаат. Ако дизелот прекине да се произведува денес, бензинците нема да го стасаат ни по 25 години. Ма какви. Еве за споредба го земам перфектниов дизел што го возам. Технологија која е излезена на пазарот 2000та година. PD постоеше уште во 30титте години, но ретко се користеше со до 2000та година, додека не падна под рацете на VW. Тој го усоврши и комерцијализира. Овој перфектен дизел што е излезен 2000та година, никогаш нема да биде надминат од ниеден бензинец во следните 25 години, колку што се предвидува дека е потребно да се исфрлат сите мотори со внатрешно согорување.
Само со еден услов. Доколку бензинецот стане 100% дизел, ова не важи. Односно ако дизелот го направат да работи на бензин, тоа нема да се смета за бензинец, туку за дизел. Толку сме напред, што сме недостижни. Тоа е како да ги споредуваш Германија со Албанија.