Еден добар другар зема Audi SQ5 Exclusive 3.0 BiTDI 313hp пред некоја недела. Џипчето има 126000км и вториот борд не му е рестартиран од кога е купено со што баш може да се види потрошувачката за сите 126000км која изнесува 8.0л/100км. Јас бев претерано изненаден кога ја видов и не ми се веруваше, колата троши во просек 1л повеќе од мојата а оди 25 пати подобро. Да не рече некој дека возен е таму многу нежно, колата ја зема од Кочани и бев со него кога ја зимаше, потрошувачка од Кочани до Велес и над 50км во Велес локал со глупирања и пробувања колку оди изнесуваше 8.9л/100км.