Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2764711 пати)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17205 на: 18 Ноември 2016, 11:25:52 am »
Ќе исклучиш и ДПФ и ЕГР а дизните ќе ги репарираш.

Ако законот не дозволува значи дека живееш во западна Европа и нема да ти биде проблем да купиш нов.

А доколку и во Европа ти е скапо да го купиш ДПФ, тоа значи дека колата што си ја купил имала 400.000км и била враќана, апропо во Европа не враќаат и не прават далавери како на Балканов со колите.

Дизните и ДПФ и ЕГР ќе се расипат доколку идеш до Веро секој ден и назад и до работа. Немаме патишта за отворено на Балканов.

Ако сте забележале вртиме во круг. Дизелот моментално е најисплатлив и ќе биде во догледно време, џабе вадите од ракав кварови.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17206 на: 18 Ноември 2016, 11:38:36 am »
....

Е како најисплатлив, ако правиш франкештајн од колата. Провото нешто што ќе настрада после исклучување ДПФ е турбината. Е после и неа ли да ја деактивирам?
Да репарирам дизни, да исклучам ЕГР, да ставам ремап, затоа што види богати ЕГР-от бил сврзан со компјутерот... Па да исклучам ДПФ па друг ремап, оти види богати, и контролерите на ДПФ-от биле сврзани со компјутерот. 

Па турбината мјау, оти види богати притисокот што се стварал во издувот го снемало. Па ајде некое инјекторче, чисто онака, оти горивата не ни се на завидно ниво.... Па сите овие ремапи си играат дрн-дупка, па турбината дувала повеќе отколку што треба, па ајде интеркулер, црева, курци,палци штотијас знам.

А да не правиме муабет колку време, пари и нерви ќе изгуби човек само по мајстори да ги “деактивира“ сите овие “непотребни“ компоненти. Ќе ги купам и платам сите ако сум купил дизел кола.


Сум го гледал тој филм, сум плаќал делови од тој филм. Да, ама, на софра некаде ќе кажеш, мене ми троши 4.5 на сто. А на тебе колку ти троши бмв-то? А а а, мечето ќе фрла илјадарки низ ауспух. А мојата троши под 4 на сто. 3.65... 2.99... Мојата кога не ја возам, полни туби со нафта во багажникот.

Идеш на мајстор, седнеш на пиво, ааа нова кола си купил. Колку троши? Многу бе... Мојата ич не троши, многу оди, не се расипува. (монолог од пет минути како неговата кола е врв на технолошките достигнувања на автоиндустријата).... и на крај, ааа имаш ти пари, кур те боли колку троши и дали ќе се расипува.

 ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17207 на: 18 Ноември 2016, 11:48:36 am »
....

Јас пак мислев зборуваме  за што се случува во моментот на патиштата. А не што се прави во авто-индустријата и кој што и како превзема.

Конкретно, јас ја имав дилемата дизел/бензин со Мечката. Ц200/220Д и Ц200 компресор (2207-2009 година).
 Ај кажи ми ти колку ќе чини ДПФ+Дизни+ЕГР? Затоа што знам дека ќе се сјебаат.

Тоа е отсекогаш така. Ако се споредуваат перформанси се зема 2017 бензинец, оти оној од 2000 е целосно срање.
Ако се зема одржување се зема 2000 бензинец оти онај од 2017 е целосно срање.
АБе дизелот е еден и единствен. Директно вбризгување, турбо и интеркулер веќе 30 години. Си има традиција.

Иначи слободно земај 220цди. Тоа се ненормално добри мотори. после пола милион километри оди како локомотива, додуша и чади како локомотива оти дизните се при крај. Но ти секако ќе земиш некој примерок со 100.000км и знаеш дека следните 400.000 си рајат.  Потрошувачката на C220cdi  е смешно ниска. Можеш да ја спуштиш и на 4.5 на отворено. Со 6 литри се вози релаксирано. До 200 забрзувува без паузи. Најдобар 4 клипен дизел мотор.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17208 на: 18 Ноември 2016, 11:50:10 am »
....

Е како најисплатлив, ако правиш франкештајн од колата. Провото нешто што ќе настрада после исклучување ДПФ е турбината. Е после и неа ли да ја деактивирам?
Да репарирам дизни, да исклучам ЕГР, да ставам ремап, затоа што види богати ЕГР-от бил сврзан со компјутерот... Па да исклучам ДПФ па друг ремап, оти види богати, и контролерите на ДПФ-от биле сврзани со компјутерот. 

Па турбината мјау, оти види богати притисокот што се стварал во издувот го снемало. Па ајде некое инјекторче, чисто онака, оти горивата не ни се на завидно ниво.... Па сите овие ремапи си играат дрн-дупка, па турбината дувала повеќе отколку што треба, па ајде интеркулер, црева, курци,палци штотијас знам.

А да не правиме муабет колку време, пари и нерви ќе изгуби човек само по мајстори да ги “деактивира“ сите овие “непотребни“ компоненти. Ќе ги купам и платам сите ако сум купил дизел кола.


Сум го гледал тој филм, сум плаќал делови од тој филм. Да, ама, на софра некаде ќе кажеш, мене ми троши 4.5 на сто. А на тебе колку ти троши бмв-то? А а а, мечето ќе фрла илјадарки низ ауспух. А мојата троши под 4 на сто. 3.65... 2.99... Мојата кога не ја возам, полни туби со нафта во багажникот.

Идеш на мајстор, седнеш на пиво, ааа нова кола си купил. Колку троши? Многу бе... Мојата ич не троши, многу оди, не се расипува. (монолог од пет минути како неговата кола е врв на технолошките достигнувања на автоиндустријата).... и на крај, ааа имаш ти пари, кур те боли колку троши и дали ќе се расипува.

 ;D

Демек проблеми вакви нема на бензинците ?
Па годишно колку што даваат бензинците за гориво, толку троши кај дизелот за 6 месеци.

Вака до утре можеме да дебатираме, фактичката состојба на пазарот сите ја знаеме кој доминира.

А ако сакаш да знаеш тоа горе што го наведе дека ДПФ и ЕГР ако исклучиш дека страда турбината ти е голема заблуда.

Еве јас имам исклучено и ДПФ и ЕГР ( сервисот ) за еден работен ден. Поминаа 2 години од тогаш, лани ја извадив и турбината и ја проверив на машина и нема буквално никаков проблем. Ниту па имам потреба да правам ремапи.

Туку овде на форум секој стана професионалец и дијагностичар на дизелите a никој не сака да земе реална состојба да направи.

Пола бензинци купени на ново во градов пукаат плин пошто е најисплатлив. Која дебилност.

Тоа со софра е глуп пример, туку се работи за поузданост на машината, дизелите се дизајнирани машини за отворено и генерално помал обем на градска вожња, не се семафорџии.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17209 на: 18 Ноември 2016, 11:53:05 am »
Какви се тоа дезинформации дека со вадење на егр и дпф страда турбината? Со вадење на егр се подобрува снагата и потрошувачката затоа што влегува свеж воздух наместо издувни гасови во комора, а со вадење на дпф се спасуваш од 700 евра за нов дпф и тоа е се.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17210 на: 18 Ноември 2016, 12:08:33 pm »
......

Јас ниту сум дијагностичар, ниту сум мајстор, а уште помалку некој што слепо брани некаква технологија за внатрешно согорување. Да речеме, ти мислиш дека се држам до бензинец, како слеп за стап. Иако, ако ги прочиташ моите неколку поста наназад, пробај да најдеш такво нешто. :-)

Софтверско деактивирање на ДПФ и ЕГР е “ремап“. Тоа што не се променува силата и вртежниот момент на самиот мотор после тој “ремап“ е друга работа.


А за примерот со софрата, не е хипотетички пример. Тоа ми е секојдневие кога седам на пиво со некој од кај нас. Не го бирам јас тој муабет.

Замисли, се враќам од Германија, три дена не спиен салам, излегувам од кола, се поздравувам со комшии, пријатели, брачеди... Ова ли е новата кола? Да.. Бензинец или дизел? бензинец. Колку троши? 10 на 100. Требало дизел да си купиш.  


...

Дали исто ќе работи електронската контрола на турбината со присутен или неприсутен ДПФ? Дали исто ќе вбризгуваат инјекторите со дизајниран ДПФ, а изваден? Дали ќе има проблеми со контролирање на бууст-от, кога нешто фали од горивно-издувниот систем?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17211 на: 18 Ноември 2016, 12:11:08 pm »
Луки,како ги наброја дефектите алал да ти е.Тоа ако земиш некоја кола со 700Ккм и ништо не сменето дотогаш,а пошо ти не си таков и  не би зел таква кола би ги немал тие проблеми.
Факт е дека повеќе заебанции има со дизелот но и бензинците нешто не се којзнае што(поготово поновите),па и ако е тб скоро тука  се со дизелот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17212 на: 18 Ноември 2016, 12:11:41 pm »
......

Јас ниту сум дијагностичар, ниту сум мајстор, а уште помалку некој што слепо брани некаква технологија за внатрешно согорување. Да речеме, ти мислиш дека се држам до бензинец, како слеп за стап. Иако, ако ги прочиташ моите неколку поста наназад, пробај да најдеш такво нешто. :-)

Софтверско деактивирање на ДПФ и ЕГР е “ремап“. Тоа што не се променува силата и вртежниот момент на самиот мотор после тој “ремап“ е друга работа.


А за примерот со софрата, не е хипотетички пример. Тоа ми е секојдневие кога седам на пиво со некој од кај нас. Не го бирам јас тој муабет.

Замисли, се враќам од Германија, три дена не спиен салам, излегувам од кола, се поздравувам со комшии, пријатели, брачеди... Ова ли е новата кола? Да.. Бензинец или дизел? бензинец. Колку троши? 10 на 100. Требало дизел да си купиш.  




Џабе е Луки, не објаснувај. Губиш време.

Ти Арен инаку? Не се видовме у Ахен, ти беше во МК во исто време. Следниот пат ќе те барам да бутнеме по едно пиво и вурст.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17213 на: 18 Ноември 2016, 12:15:14 pm »
....

Нормално, мечка на тие километри и генерална состојба што е бензинецот и без тие проблеми ми беше едно 3к евра над буџетот.  Ако беше дизел во комбинација со стилот на возење на стариот, ќе си купев дпф за едно година/година и пол. Ама ќе му трошеше комбинирано 5 на 100.  :D

Бензинец ако ги нема најновите технологии (некои копирани од дизел мотор), ќе тера многу. Е сега што ќе троши повеќе, ќе троши.


Ти Арен инаку? Не се видовме у Ахен, ти беше во МК во исто време. Следниот пат ќе те барам да бутнеме по едно пиво и вурст.

Јас останав во Макеоднија, табли да земам. Следеќи пут.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17214 на: 18 Ноември 2016, 12:18:45 pm »

Дали исто ќе работи електронската контрола на турбината со присутен или неприсутен ДПФ? Дали исто ќе вбризгуваат инјекторите со дизајниран ДПФ, а изваден? Дали ќе има проблеми со контролирање на бууст-от, кога нешто фали од горивно-издувниот систем?

Активација на ДПФ-то е посебен циклус на работа. Треба ремап, нема да се уклучува тој циклус.

Луки,како ги наброја дефектите алал да ти е.Тоа ако земиш некоја кола со 700Ккм и ништо не сменето дотогаш,а пошо ти не си таков и  не би зел таква кола би ги немал тие проблеми.
Факт е дека повеќе заебанции има со дизелот но и бензинците нешто не се којзнае што(поготово поновите),па и ако е тб скоро тука  се со дизелот.

Значи многу посложен е, откако му ставија и дпф. Има вишок 4 бобини, кабли, 4/8 свеќици (дупло имаат некои бензинци пример алфа, хонда).  Кај и да е ќе му стават и 4 греачи ;D

Оригиналните свеќици не се 100 денари комплет, туку 50-150 евра. Една бобина која редовно црка 100 евра парче.

И секако да не ја заборавиме клапната од 600 евра и степ мотор од 300 ;D
« Последно менување: 18 Ноември 2016, 13:41:30 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17215 на: 18 Ноември 2016, 12:34:50 pm »

Епа тогаш ајде да не купуваме дизел поради ДПФ и ЕГР пошто кога тогаш ќе се сјебе нели.

Секој со својот џеб и одлуки ако веќе гледаме на субјективно ниво.

Промашена е дискусијата ама ај, секој си тера како му одговара според неговите факти или лоши/добри искуства а никој не гледа на општата состојба.

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17216 на: 18 Ноември 2016, 12:39:27 pm »
....

Дизелот е цар да носи товар. Дизелот е цар за обработка на земја. Дизелот е цар да прави вредност, врши работа и прави пари. Донекаде, дизелот е цар за големи релации.

Расипливите додатоци го прават “поцивилизиран“ и прифатлив за ионака арбитрарните еко стандарди.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17217 на: 18 Ноември 2016, 12:51:59 pm »
Тука се слагаме, дизелот, особено големите кубикажи никако не се за градска вожња.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17218 на: 18 Ноември 2016, 13:23:11 pm »
Одете купете дизел нов од салон да ве видам... Сеа коа ќе ви опнат дупло цена за регистрација како што е во Европа економијата низ г’с ќе ви излезе.
А кога некој ќе побара мислење за купување кола дизел тогаш се кршите кој да се истакне кој мотор колку проблеми имал, а овде се измислуваат кварови од ракав а?

Абе патетични сте. Гледајте Southpark сезона 20 од 1 до 5-та епизода и пронајдете се.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #17219 на: 18 Ноември 2016, 13:42:05 pm »

Епа тогаш ајде да не купуваме дизел поради ДПФ и ЕГР пошто кога тогаш ќе се сјебе нели.

Секој со својот џеб и одлуки ако веќе гледаме на субјективно ниво.

Промашена е дискусијата ама ај, секој си тера како му одговара според неговите факти или лоши/добри искуства а никој не гледа на општата состојба.



Бензинците имаат и егр и дпф.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need