Далеку, далеку од досадно. Поготово со реапонзивноста на ССД.
Сега ќе ти кажам зошто за некои (воглавно оние кои уживаат во возење, а не оние кои уживаат да бидат возени), ќе биде многу подосадно:
1. Нема да има „ловење“ оптимални вртежи, за оптимално забрзување;
2. Нема да има трил од звукот на моторот, усисот издувот, или сите компоненти комплет;
3. Нема да има „колку сум вешт во менување брзини, што побрзо, што поуиграно со куплунг, и ручка на мењач;
4. Нема да има дали и колку идеално или дали може и подобро да тргнам од место регулирајќи ја снагата со помош на гас и квачило;
5. Нема да има колку најблиску до лимитер може да го завртам моторот, без да акнам у лимитер и да изгубам снага;
6. Идеалната брзина во следната кривина, дали ќе биде 3-та или четврта, за подобар излез од кривина...
ух, можам уште да редам, ама дефинитивно нема да биде исто со електричните. Ќе бркаат работа, ама ќејф нема да праат. Нешто ко сопствена жена...