Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2177058 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16890 на: 17 Септември 2016, 23:20:59 pm »
Да, и спаркови ќе се бараат многу, од моторите привезоци ќе им прават.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16891 на: 17 Септември 2016, 23:24:07 pm »
^ Колекционери ќе купуваат Спаркови и Матизи, како што сега купуваат Југовци. Си сакаат луѓето примерок од најлошите коли некогаш произведени, за повеќе да си ги ценат колите што ги имаат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16892 на: 17 Септември 2016, 23:28:31 pm »
Како и v10-ката од бенџо, ружната е60 ќе да беше...
Грозна е таа. Јок. Бар по мене.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16893 на: 17 Септември 2016, 23:32:00 pm »
^ Колекционери ќе купуваат Спаркови и Матизи, како што сега купуваат Југовци. Си сакаат луѓето примерок од најлошите коли некогаш произведени, за повеќе да си ги ценат колите што ги имаат.
Фала богу, Спаркот ја надживува и надвозува најквалитетната алфа најмалку 3:1
Али и ти не си сосем далеку од вистината.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16894 на: 17 Септември 2016, 23:45:37 pm »
И хамбургер од мекдоналдс надживува лесковачка.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16895 на: 17 Септември 2016, 23:54:07 pm »
И хамбургер од мекдоналдс надживува лесковачка.
Е ова ти е за во легендарни :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16896 на: 18 Септември 2016, 08:10:10 am »
Да, и спаркови ќе се бараат многу, од моторите привезоци ќе им прават.
A со шасијата ќе пакуваат месни нарезак.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16897 на: 18 Септември 2016, 11:58:46 am »
Чудо е како издржаа мвс волку долго искрено. Лобирањата функционираат.

Не е никакво чудо и не мислам дека се работи за конспирација. Фосилните горива се (за жал) сеуште ненадјебиви во категоријата „густина на енергија“: од кило гориво добиваш повеќе редови величини повеќе енергија од кило најдобри батерии. Фосилните горива ги шие единствено нук. енергија, ама таа не може да се имплементира со доволна моќност во физички мали машини.

И хамбургер од мекдоналдс надживува лесковачка.

Хмм.. јас не сум толку убеден. Пази, не велам „не е така“, но.... напраил некој некаков експеримент?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16898 на: 18 Септември 2016, 13:28:30 pm »
Taка беше зборот. Само да не се разбереме погрешно, јас имам изедено 20 мекдоналдс хамбургери во прошлиов месец дена, најмалце. Да не испадне дека ги хејтам. :) Никако тоа.

Иначе сигурно има некои безвезе тестови, ама општо мекдоналдс ги дехидрира производите и месото трае поприлично повеќе од обично. Не е некоја филозофија туку само нема вода. Ако оставиш обична лесковачка ќе мувлоса за 3-4 дена, а мекдоналдсчето ќе си биде исто како кога си го оставил - освен што лепчето е стврднато.


Онтопик. Густина на енергија, да. Но дали е тоа важно? За мал дел од луѓе. Веќе се навикнати сите да полнат свашта постојано лаптопи/мобилни/батериски... итн. Скоро секој ден. Само колата остана ретро да трае месец дена еден резервоар. Ако се направи чиста транзиција ќе се навикнат сите за една година, и ќе заборават дека постоел бензин. Исто како и смартфоните. „И така јас спијам, она нека се полни...“ А и како што рипаат во димензии коливе има простор нуклеарна централа да пикнеш во нив (така е зборот) а камо ли батерии за 400-500км да пројдат. Еве ги се продаваат Тесли Еголфови, паѓаат во несвест луѓе - вклучувајќи ме и мене. Фасцинантна брзина и респонзивност. Нешто кое обично се чувствува при генерациски скок, а не при „нов модел“. Како да си отишол од хард диск на ССД осеќај. Исто.

Дали е битно да е кило? Или да се десет кила? Ако се подобро распределено низ подвозјето на колата да ја отежни на тие места на кои треба. Ако е послесен моторот и пропратните компоненти дали е важно? 120кг мотор, наспрема 45кг мотор? Мењач 30кг вс 0кг? Не е до килото работава. Работава е што има инфраструктура и таа е добро вкоренета во економијата на државите, и на лобистите. Сепак е најголема економска работа на планетава тргувањето со енергенси.

Значи пази. Не ти ни треба да има исто енергија. Прво електомотор има 95% ефикасност, еве 90 да земеме нека е. Бензинашите имаат 30% и тоа во оптимален режим, а они работат во оптимален режим скоро никогаш. Еве 20% од времето. И да е едниот 25% другиот 75%, и да е едниот 30% а другиот 90% значи точно 1 према три енергија ти треба. Понатаму, во реалноста, онаа во која живееме а не се вика Нирбургринг, моментот и расположливата моќност се главни. За градски услови каде е главната употреба на коли најважен дел е 0-30кмч забрзувањето и ефикасноста. Тука се неприкосновени електричните мотори кои со 40кс, ќе дадат исти перформанси како 150кс мотор да речеме. Ама нагоре ќе осиромашат. До 60кмч 40кс ќе е сигунрно близок со 80кс. Над 80 ќе се изедначат како одиш нагоре. Значи грубо ти треба половина од моќноста за да постигнеш исти перформанси грубо и осеќајно. Односно 1/6 од енергијата која си ја внел со фосилни горива. Плус комплетна електронска контрола можеш да имаш од компјутери кои ќе ти обезбедат 30000 корекции на движењето во секунда за да оптимизираат уште толку да се заштеди. Башка природна употреба на моторно кочење односно регенерација на батериите од самиот мотор. 1/8 од енергијата стигнавме.

И тоа ова само за рејнџ. И батерии во кои е вложено скоро ништо за развој на вакви размери последниве 50 години, во однос на она што е вложено да се искомплицира МВС за да е порасиплив и „поеколошки“.

И пак се враќаме на она главното кое сега е фама над фамите. Микро генератор во колата? 500 еур доплата за 30kw/45кс генератор кој ќе работи во оптимален режим и ќе ти овозможи бесконечна автономија? BMW i8 150000 еур и остали? Си прошол 400км на струја, и паднала под 30км рејнџ? Пррррррррр под хауба каде и онака има простор колку сакаш, 40kw константна струја, за полнење на батериите, а ти имаш пак пикови од 100kw да си се занасаш и претицаш.

Ако не е „конспирација“, иако не гледам на тоа искрено како ништо повеќе од бизнис ама ајде нека е таа единка. Тогаш се работи за страшна-страшна инертност на промена. А во денешно време на поган капитализам кај кој примарна градбена единка на човековото тело е парата, би рекол сепак дека се работи за молзачки бизнис и ништо друго.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16899 на: 18 Септември 2016, 13:38:47 pm »
Оди во легендарни постови. Кажаново е Алфа и Омега, Дени добива бесконечен  supply на чоколадно млекце до крајот на годината од мене.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16900 на: 18 Септември 2016, 14:41:38 pm »
@Deni

Се тоа супер, само една многу битна работа не ја имаш земено во предвид, а тоа е климатизација...Шо прајме за греење и за ладење?

Патем, нуклеарен рактор не е невозможно. Штом измислат(официјално) реактор на фузија, рачунај дека под хауба во димензиите од еден денешен мотор со внатрешно согорување на фосилни горива ќе има спакувано мини реакторче со моќност од 1–2MW и гориво за константна испорака на таа моќност со недели.
« Последно менување: 18 Септември 2016, 14:49:32 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16901 на: 18 Септември 2016, 14:54:33 pm »
Исто како кај тесла, со инвертер клима уред. И најубаво од се ќе може да работи без да е „вклучена“ колата. Што значи сабајле ќе и ставиш температурата од 08-09ч од понеделник до петок да не паѓа под 20 степени за да не влагаш во мраз кола зимоска. Или меѓу 16ч-17ч да одржува под 25 степени летоска за кога со одиш од работа да не е пекол. Или блутут или што и да е вајфај, сето тоа по цена на контролер од 12$.

Ќе намали по некој киловат час, или ќе го упали пррррррррр под хауба малку побрзо. Ништо страшно. Веќе се користи во сите поасални електрични/полуелектрични возила.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16902 на: 18 Септември 2016, 14:57:09 pm »
И што вика автономијата во тој случај? Ако без климатизација со уљудно возење сме врвеле x километри, колку километри ќе врвиме со климатиација? Да речеме дека ќе живееме во Скопје...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16903 на: 18 Септември 2016, 17:23:44 pm »

Хмм.. јас не сум толку убеден. Пази, не велам „не е така“, но.... напраил некој некаков експеримент?


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #16904 на: 18 Септември 2016, 17:37:21 pm »
Колата е паркирана на сонце. Кровот и е цел со фотоволтаик ќелии кои даваат доволно струја да напојуваат клима уред и да полнат батерии. Возилото се лади за без пари додека дреме на паркинг и дополнително ги потхранува батериите со струја.

Влегуваш во кола, температурата таман, батеријата не е потрошена.

Инвертер климатизер во автомобил има потрошувачка од 300-700 вати на саат. Отприлика.

Не сум во тек колку се ефикасни фотоволтаик ќелиите по сантим квадратен (во вати), за ова да биде самоодржливо, но сигурен сум дека со тек на време ефикасноста ќе им дојде до ниво да можеш да направиш покриен паркинг во двор, со кров од фотоволтаик келии кои ќе ти ги полнат батериите додека гледаш Нетфликс по дома и додека дрмаш пиво на тераса.