Ааа ти си еден од оние што се засеганти од загадувањето. ГОлем лицемер.
Јас еднаш јавно ти понудив да споредиме 1.4ТСИ со 2.0 ТДИ во однос на перформансите. Реков дека јас ќе ги покријам сите трошоци за и околу тестот и воедно јас ќе ги обезбедам возилата. Реков дека резултатите ќе ги објавиме јавно на форум такви какви што се. Те немаше никаде да одговориш на предизвикот, се сокри. Одговор од твоја страна, немаше.
Се појави после неколку денови и тврдеше дека турбо бензинците загадувале повеќе од модерните дизели, поткрепено со линкови од анонимни веб страни. Дополнително постовите што претходно ги имаше напишано ги измени (едитираше), и дел од глупостите што ги напиша, со цел да не изгледаш смешно во целата дискусија.
Сега јавно на форум ги омаловажуваш тие што возеле на плин и ги нарекуваш циции и слично, само затоа што имаш психолошки проблем да сватиш дека не секој има исто мислење како тебе и не секој сака да вози дизел со 300000 километри.
Да, јас сум лицемер, само во дискусијата со тебе затоа што не си способен да поткрепиш било кое од тврдењата за предноста на дизелот во однос на бензинот, на научна основа, освен со линкови и статии од интернет. Затоа интересно ми е да те тролам и да ти се смеам на дел од глупостите кои што ги пишуваш.
Кај нас законската регулатива дозволува возење на возила што загадуваат, и искрено ме заболе стапот колку загадува твојот дизел или мојот бензинец. Се додека е дозволено ќе возам тоа што ми прави ќеиф.
Јас тврдам и сеуште стојам на ставот дека турбо бензинскиот мотор е порафиниран и подобар производ од било кој турбо дизел спореден во соодветна литража и моќност.
Јас не сум прврзаник на конвертирањето на бензински мотор на плин. Но сосема ги поддржувам и разбирам луѓето кои што направиле таков чекор. Исто како што ги поддржувам и разбирам тие што одбрале да возат возило со дизел мотор.
Пред да јадеш вафли за други и да им судиш зашто направиле избор да возат на плин и да ги нарекуваш циции, или на бензин погледни се во огледало и прашај се зашто возиш половен дизелаш со 300.000 километри од премиум класа купен на старо.
Имајте пријато неделно попладне.