Си ја работат работата како што треба... Не глумат лудило... За Европјаниве, постои нешто што се вика „традиција“, која на нив (претпоставувам) дека им е битна. Ретко кога се десило Италијан да звучи лошо. Не секој Италијан нормално, зборам за побитните. А за Америте, искрено не верувам дека многу прават и вложуваат за да извадат добар звук, пошто до вчера не знаеја ни коли да прават. Ама пак, тие што ги правеа, знаеа да звучат перверзно добро.
Извини младо момче, но штотуку изгуби доста кредибилитет. Американците ги правеа најдобрите коли од 1940-197X
Извинето ти е, младо момче, ама немаш појма колку не се согласувам. Америте отсекогаш имале поинаков пристап према поимот „автомобил“, кој бил и тек како различен од Европскиот пристап. Ја не викам дека не правеле добри коли, туку дека и тие што ги правеле, ги правеле без доволно посветување на внимание на многу битни работи.
Муабетов може да се продолжи до бесвест и назад, за пак на крај (ако конечно дојде крајот) да се согласиме за истите работи кои ги напоменав уште претходно. Јас САКАМ и ПРЕФЕРИРАМ бензинци, и ПОЧИТУВАМ (и би ПРЕФЕРИРАЛ) дизели, веројатно кога ќе ми дојде време да основам своја фамилија. Ќе се повторам уште еднаш, дека и едните и другите си имаат свои предности и недостатоци.
Еве ја тука негде би ставил моја точка, вие како сакате
П.С. Не ми е ни на крај памет да освојувам нечии симпатии или да му попувам на некого, а „кредибилитет“ на интернет форум е многу tricky ствар, и најчесто ги тангира егоистите. Мене лично, не ми е толку битно, туку едноставно си го кажувам моето мислење.
П.П.С. Гад демит, ама добро звучи Аудито
Баш као од Sci-Fi филмче е звукон