Бензинецот е побрз, но не во секој режим на возење, туку при тркање со педала до под. Во ТОЈ натпревар сигурно дека ќе победи моторот со поголема максимална снага.
Но, тоа не е нормално возење. При нормално возење не се менува брзина пред црвеното, туку многу, многу порано.
Гледај тогаш само во 6-та брзина, таму нема менување.
Ако тоа не е нормално возење, кажи кое е?
Ако не го изгледа видеото во 6-та, вака стојат работите.
Дизелот вози во 6-та 60км/ч на 1000 в/мин. и гас до под како што прават ови што возат дизел, нели. И за неверојатни 16 сек. стигнува до 100 км/ч. и 1700 в/мин.
Бензинецот на 1050 в/мин исто во 6-та брзина вози 50 км/ч (не 60 како дизелот) и гас до под. 100 км/ч за 9 сек. 2100 в/мин.
За во понизок степен коментар не е потребен.