Очигледно е дека бензинецот е побрз во било кој степен на пренос и во секаков режим на возење низ целиот опсег на вртежи или едноставно кажано, парче го направи.
Бензинецот е побрз, но не во секој режим на возење, туку при тркање со педала до под. Во ТОЈ натпревар сигурно дека ќе победи моторот со поголема максимална снага.
Но, тоа не е нормално возење. При нормално возење не се менува брзина пред црвеното, туку многу, многу порано.
Е сега, има ли нешто друго во кое дизелот е подобар или тука завршува неговата предност пред бензинецот?
Има. Нешто подобри перформанси при нормално, секојдневно возење со нормално, секојдневно шалтање.
Еднаш порано во овој тред (разгледај) веќе ги споредувавме 2.0 тси и 2.0 тди од ист ценовен ранг. Бензинецот е благо, незначително инфериорен се до таму некаде третата четвртина од опсегот на вртежи. Во горната четвртина и само тогаш е појак. Но во вртежите во кои нормално се вози (а тоа НЕ се овие на видеото кое го постираше) е за нијанса послаб.
Koнечно, доколку предноста на дизелот навистина беше само потрошувачката и ништо друго, тогаш немаше да го тураат во поршиња, масератија и мерцедеси s класа, не? Особено што - нели - таа разлика не е ни голема? Што к бараат тогаш дизели во луксузни коли?
Да, знам дека се со иста кубикажа, ама па и цената им е иста па мислам дека може да се споредуваат.
Да, чим цената е иста - споредбата е легитимна, без оглед дали кубикажата е иста или различна.
Бензинецот Еуро 6, Дизелот Еуро 5 и ова не е за занемарување.
А за потрошувачка, и не е така голема разликата.
град 7,7 - 5,7
отворено 5,3 - 3,9
комбинирано 6,2 - 4,6
Освен ако не лажат и овие како Хјундаи.
Разликата во потрошиувачката е поголема од разликата во перформансите. За малку подобри перфомаси (и тоа не секојдневни, туку само при тркање!) плаќаш не толку мала разлика во цената на горивото. Тоа е така затоа што дизелот е топлински поефикасен. Со други зборови, за малку повеќе макс. коњажа, бензинецот
цело време троши осетно повеќе.