Само по една година откако на пазарот се појави целосно редизиајнирана линија на Opel Astra, овој автомобил сталожено влегува во нова моделска година со нова генерација од 1,6-литарскиот CDTI дизел мотор и IntelliLink систем за информации и забава со Bluetooth интерфејс ...

Новиот 1.6 CDTI агрегат со 136 КС и максимален вртежен момент од 320 Nm, претставува следен чекор во офанзивата која Opel ја прави во поглед на понудата на мотори и може да се опише како исклучително тивок. Покрај тоа, моторот е во согласност со
Euro 6 стандардите и троши само 3,9 литри дизел гориво на 100 километри - што е за дури 7 проценти помалку во однос на претходниот модел со зафатнина од 1,7 литри и моќност од 130 КС.
Во внатрешноста на Astra се присутни многубројни high-tech функции како новиот IntelliLink систем за информации и забава, преку кој во автомобилот се имплементира технологијата на паметните телефони, а сето тоа е прегледно уредено на 7-инчен дисплеј во боја. Новите функции кои се на располагање со инфо - забавниот систем CD 600 IntelliLink вклучуваат телефонски повици преку Bluetooth и аудио стриминг. Системот овозможува и USB конекција.
Исто така, брз и прецизен систем за навигација е стандардна услуга во конфигурациите Navi 650 IntelliLink и Navi 950 IntelliLink. Најдобрата верзија која е достапна во Navi 950 IntelliLink вклучува мапи кои ја покриваат целата територија на Европа, а саканите дестинации без никаков проблем може да бидат внесени со користење на гласовни контроли. Покрај тоа, радио уредот автоматски ги препознава имињата на песните, албумите и артистите преку аудио систем со USB конекција. Со помош на USB и Aux-In приклучоците, возачите и патниците во Astra моделите може да разгледуваат дигитални фотографии на екранот во боја. Исто така системот овозможува да се читаат и дојдовни пораки.
LosiPatista