Ајде, вака да ја напраиме равенката. Возат двете возила во 4-та брзина со 60 на саат. Двете цапнуваат до крај. Кое во тој момент ќе има повеќе сила на тркала?
повеќе сила на тркала ќе има колата која во 4-та со 60 и педала до под ќе има поише коњи.
За да видиме која ќе има поише коњи, треба да видиме на колку вртежи ќе работи која кола во 4-та при 60 и, откако ќе го утврдиме тоа, да ги видиме торк-кривите на двата мотори.
За оваа дилема, односите во менувачот се ирелевантни
ако и само ако знаеме на колку вртежи работи кој мотор во 4-та при 60 км/ч (односите на менувачот ќе бидат априори „вградени“ во тој податок). Менувачот и диференцијалот НЕ ја менуваат снагата (освен загубите).
Пробувам да најдам коклу рпм се 60 км/ч во четврта....