Да... во сличен ценовен ранг. Јас сум еден од ретките будали што колите ги споредува по КС/КГ.
Taква споредба е валидна единствено во чисто инженерски контекст. На пример - шознам - ти треба мотор за генератор од икс вати, па сеа гледаш мотори од различен тип, различна цена, но исто икс вати.
Но, кај случајот со колите, особено кај коли со менувач со фиксни степени на пренос, таквата споредба е проблематична од низа причини.
Се согласувам дека бензинец од икс коња макс. снага е инфериорен во однос на дизелаш од исто, икс коња макс. снага, но затоа дизелашот од икс коња е поскап.