У меѓувреме... Иста зафатнина, ист „начин на дишење“:
Бензин и дизел со иста зафатнина = ракија и вино со иста зафатнина.
Само оној кој има површни сфаќања за алкохолните пијалоци може да ја споредува јачината на
иста литража ракија и вино.
Или оној кој
не му текнува друг начин да го претстави бензинецот како супериорен (зошто не му текнува друг начин? Прашање за дискусија...)
Нема ништо по нубско од споредување на перформансите на бензинаш и дизелаш
со иста зафатнина и аспирација. Нема.
Дали 2.0 TSI и 2.0 TDI имаат иста цена?
Дали при споредба на двотактен и четиритактен мотор со иста зафатнина ќе го прогласите двотактниот за подобар? Да или не?
Дали ако некој се двоуми дали да купи трабант или корса ќе му кажете „купи трабант пошто двотактниот мотор со иста кубикажа и аспирација е скоро дупло појак од четиритактниот? Да или не?
Ако „не“ - зошто?
За иронијата да биде поголема,
во вртежите во кои обично се вози поефтиното TDI има за нијанса поголема снага (ради за нијанса поголемиот вртлив момент од 2 до 3 банки)