Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Вкупно гласови: 412
Цитат: Deni на 18 Октомври 2013, 22:09:46 pmБи купил бензинец Гојдо? Едно време беше реален дечко (кон зачетоците на темава)...Мојата реалност на почетокот на темава е иста и на крајот од темава и воедно за цело време е дијаметрално спротивна од „реалноста“ на ЛП и ФилипВ. Ако треба да бирам меѓу атмосферски и турбо мотор бирам турбо! Ако треба да бирам меѓу турбо-бензинец и турбо-дизел и ценовната разлика е прифатлива и исплатлива тогаш бирам турбо-дизел поради поголемата економичност(возам 20kkm годишно) и поголемата доверливост (проверени се со години наназад за разлика од ТБ кои само што се појавија на пазарот). Ако треба да бирам помеѓу атмо-бензинец и турбо-дизел со слични максимални моќности, секогаш бирам турбо-дизел. Ако треба да бирам помеѓу атмо-бенизнец и атмо-дизел секогаш бирам атмо-бензинец. Ако треба да бирам атмо-бензинец со над 40% поголема максимална моќност од максималната на турбо-дизелот, секогаш бирам атмо-бенизнец и му ставам плин. Што друго не ти е јасно?
Би купил бензинец Гојдо? Едно време беше реален дечко (кон зачетоците на темава)...
Чекај, чекај.. Гојдо во неколку варијанти одбира дизел, ти во целост се согласуваш, само не би одбрал дизел.What?
220кс (тб) вс 140 (тд) е валидна споредба исто како што е валидна и 105кс (тд) вс 170кс (тб), но 160кс (тд) вс 160кс (тб) не е валидна споредба. 'Nuff said плинаши.
По цена, по јачина во опсегот во кој ја возиш. Зошто да ги споредуваш по опсегот во кој не ја возиш?edit: Ако во долниот опсег и цената се исти и ако не планираш да ја газиш над 4000, предноста на бензинецот во тој опсег за тебе нема никакво значење, но затоа многу ти значи пониската потрошувачка кај дизелот. Ова е пример за валидна споредба во која дизелот излегува како победник за потребите на најголем дел од луѓето.