Околу стискањето, стравот од стискање и кошмарите навечер во случај на стиснатост, проследено низ призма на потрошувачка.
Еднаш, веќе одамна имаше една тема каде се дискутираше за
Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТОИ тогаш имаше дискусија, што би било кога би било и тогаш јас се сложив со една голема вистина искажана на форум:
На тие што не им е логично - не го разбрале текстот. Никаде не вика дека брзо возење со педала до под е штедливо возење, таман работа. Вика дека брзо забрзување со педала до под e штедливо возење.
За ова да се сфати, претходно мора да се разбере дека секој мотор горивото воглавно го троши за да се врти самиот себе+мењачот и при тоа да се грее себе си и околината.
Само мал процент од горивото оди на корисни работи: терање на колата, забрзување, угорници, совладување отпор на воздухот, фарови, клима, музика тупцс-тупцс итн итн. Кај бензинците тој процент е едвај 20, кај модерните дизелаши знае оди и над 35, но во секој случај, во споредба со паразитското трошење и понатаму е мал процент.
Ова е клучно да се сфати: кога ќе се прошеташ од Скопје до Охрид и назад, од 1200 денари колку што си оставил на бензинска, 240 те однеле и вратиле, 960 денари само ја загреале и загадиле атмосферата, исто ко просто да си го запалил 960 денари гориво у канта. И сето тоа во идеален случај каков што не постои. Во реалноста, односот корисно/загуба е уште по неповолен. :-(
Одонсот помеѓу паразитските загуби и пропулзијата најубаво се гледа кога треба да споредиш буткање со раце на кола која е во лер и на кола која е во брзина. Во првиот случај и даваш пропулзија на колата, а кога е во брзина, освен бутање на колататреба да се придвижи и комплетот мотор+мењач. Одма се приметуваат две ствари:
1. Буткањето во брзина е многу потешко. Значи, не е малку потешко, не ти фали едно мало детенце да ти помага, туку више треба 5-6 души здраво да ги стегнат газовите. Ова е она со процентите од горе.
2. Колку потешко? зависи од брзината во која е колата. Колку пониска брзина, толку потешко. Значи, што повисока брзина, толку поголема ефикасност. Енергијата потребна за терање на колата во двата случаи е иста (пошто иста е колата) па така заклучуваме дека колку пониска брзина - толку поголеми загуби.
Сега ќе застанам (ми док*рчи пишувањево :-)) и до сега напишаното го изнесувам тука, на дискусија бидејќи - ќе повторам - нема поента да збориме понатаму доколку овие основни работи не се јасни. Во следната епизода: често забораваниот фактор „време“ (t).
Значи, брзо возење и брзо забрзување се 2 различни работи. И тогаш и сега АПСОЛУТНО се согласувам со постот погоре.
Ќе си земам право повторно да отупам со мојата турбо косилица, пошто ми е под г’с.


Муабетот за реална снага паѓа во вода, затоа што јас колата не ја возам брзо, туку брзо забрзувам, па оттаму „нереалната“ за дизелашите 8 литри градска потрошувачка.
Притоа, секој кој што седнал во кола (без разлика каква), разбира дека брзото забрзување не е воопшто пензионерски.
Јас неможам да возам брзо во Скопје, можам да возам колку што е дозволено и понекогаш колку што дозволува сиитуација. Но можам одлично да забрзам до таа брзина.
I rest my case
You rest your case with what exactly?
Со аргументот дека Поло, со 800 кубика помал мотор, 35 (или 55, не знаеме точно) коња помалку, 400 кила помалку тежина (повторно, за димензии, комфор, итн да не праиме муабет) троши повеќе на 140 него Audi A4 на 150?
Case rested, indeed.
Не Зеро. Се сеќаваш дека истиот мотор во на ЛП Леонот трошеше 14,5 при истата брзина?
Едно е да ја користиме темава за тролање. Сосема друго е да збориме за факти и бројки.
Јас во темата за штедење еднаш постирав:
Отчет за потрошеното:
Гепек = полн
Куфер на кров = полн
Задна клупа = полна (со деца, не багаж)
Предни седишта = пополнети
Клима = да
Гуми - напред 2,5 бари, назад 2,6 бари
Бензин = Лукоил 98
Скопје - Тетово =130-140км/х
Тетово - Гостивар = 100-110км/х
Гостивар преку 7 мориња и планини до Охрид = прописно, за кеф
Охрид-Градиште неколку пати, еднаш Љубаниште.
Охрид-Скопје како погоре.
По борд:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Наточено:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Затоа тие муабети за „реална снага“ и уплав од стискање ми се муабети за мали деца или тролање или муабети за некој кој воопшто никогаш не пробал турбо бензинец или пак можеби не знае да го искористи максимумот/оптимумот од турбо бензинец.
Се извинувам за подолгиот пост и продолжете со реални муабети