Не е тоа муабетот мечето. Се убедуваме дека помалку сме стискале, затоа што повеќе сме трошеле. Со сигурност знам дека во повеќето нормални земји, изборот дали дизел или бензинец е побуден од други причини - не само и едниствено од потрошувачката.
Филип пробува да фрли теорија дека дизелите имале повеќе „реална снага“ затоа што свеста на бензинашите им вика „штедете“.
Ок, ајде. Во некој имагинарен универзум и да се согласам со тоа дека е така. Дали е тоа карактеристика на моторот или на возачот?
Ако е на возачот, тогаш во ред. Прифаќам. Но тоа ги прави дизелашите „вакви“ а бензинашите „онакви“. А не дека е карактеристика на механички склоп погонуван од ендото или другото гориво.
И да повторам, ФилипВ, ниту еднаш не изнесе реални избројани бројки на дизел џулиети вс бензин џулиети во ист ценовен ранг, со различни брзини на движење, и дека од патарина до патарина стигнале за различно време. Ако ми изнесе такви податоци, потврдени и објавени, тогаш ќе го прифатам неговиот „реална снага“ идотски термин.