Ај те молам тогаш објасни како со драјвтрејнот ќе го смениш вртежниот момент, а моќноста ќе ти остане иста?!?
Сега сфаќам дека си озбилен кога го прашуваш ова!
А јас не сваќам дали стварно не ти е јасно каков превид во логиката имаш направено или пак свати, ама се срамиш да си признаеш?!??
Ти упорно алудираш на тоа дека вртежниот момент на тркала ќе се смени кога ќе смениш брзина. Ама забораваш на најбитниот елемент. Кога ќе смениш брзина ќе го смениш и бројот на вртежи, а кога ќе го смениш бројот на вртежи ќе се смени и вртежниот момент кој го произведува моторот на радилица. Значи вртежниот момент ќе се смени од два фактори, првиот е промената на преносниот однос, а вториот е промената на бројот на вртежи при што моторот на радилица дава различен вртежен момент. Ти вториот фактор го занемаруваш, односно според твојата теорија кога ќе смениш брзина нема да се промени бројот на вртежи што не е така!
Кога ќе го употребиш драјвтрејнот, односно кога ќе смениш брзина ќе добиеш различни вредности на вртежните моменти и на тркала меѓутоа и на радилица. А штом го менуваш вртежниот момент на радилица, а воедно го менуваш и бројот на вртежи, автоматски се менува и моќноста!
НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГО СМЕНИШ ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ НА ТРКАЛА БЕЗ ДА ЈА ПРОМЕНИШ И СНАГАТА НА ТРКАЛА
НЕВОЗМОЖНО Е ДА ГО СМЕНИШ ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ НА РАДИЛИЦА БЕЗ ДА ЈА ПРОМЕНИШ И СНАГАТА НА РАДИЛИЦА И НА ТРКАЛА
razmisli uste za prvovo.
menacot vrsi promena na momentot i agolnata brzina p=m×w
Треаб да се разграничат поимите:
- Сила [N] F = m / r - Силата која се пренесува на тркалотот е момент редуциран на растојанието кое делува - бидејќи моментот е всужност сила која делува на некое растојание од центарот на ротација.
- Моќност [KW] P = m * ω - производ од моментот по аголната брзина.
Карактеристиките на моторот не се променуваат со менувачот, тој секогаш ке има исти Снага [KW] и исто вртежен момент [Nm] за даден број на вртежи без разлика од менувачот.
Тоа што менувачот го променува е наќинот на кој што овие карактеристики се пренесуваат до тркалата.
Со промена на понизок степен на пренос се редуцира аголната брзина, а за сметка на тоа се мултиплицира вртежниот момент на тркалата за константа брзина на моторот. Со тоа се добива поголема сила на тркалата.
Кај Гојдо снагата (одомаќинет србизам) мислам дека е всушност силата и во тој случај е во право.
Ако затупев со теорија простете, ама сакав овие работи да се појасни бидејќи гледам дека често пати се мешаат.
btw. Има крај темава „Diesel-ашишта vs Benzin-чиња“ ?
