razmisli uste za prvovo.
Ваљда ова се однесуваше на Филип.
menacot vrsi promena na momentot i agolnata brzina p=m×w
Така е мењачот врши промена на моментот со промената на вртежите, а тие две работи прават промена и на моќноста.
Ќе го искористам графикот кој претходно го постирав:

На пример возам во 5-та на 2500 вртежи при што вртежниот момент е 87NM. Кога ќе вратам во 4-та вртежите ќе се качат (да претпоставиме) на 3000 вртежи при што вртежниот момент е 108NM. Според тоа со промената во понизок степен на преносот на моторот ќе добие на моќност и тоа: (108 * 3000) / (87 * 2500) = 1.49 односно +49% во однос на тоа кога бил во 5-та брзина.
Карактеристиките на моторот не се променуваат со менувачот, тој секогаш ке има исти Снага [KW] и исто вртежен момент [Nm] за даден број на вртежи без разлика од менувачот.
Токму така менувачот не ги менува карактеристиките, но кога ќе промениш брзина го менуваш бројот на вртежи, а тоа резултира со промена на моќноста на моторот добиени и на радилица и на тркала, како што објаснив малку погоре.
Тоа што менувачот го променува е наќинот на кој што овие карактеристики се пренесуваат до тркалата.
Точно. Менувачот во различни брзини има различна инерција и загуби. Истото тоа се гледа на графикот погоре каде се направени мерења на еден ист автомобил во 5-та и 4-та брзина и добиени се различни графици за вртежниот момент и моќноста.
Со промена на понизок степен на пренос се редуцира аголната брзина, а за сметка на тоа се мултиплицира вртежниот момент на тркалата за константа брзина на моторот. Со тоа се добива поголема сила на тркалата.
Не го сватив делот со мултиплицирање на вртежниот момент. Со промената на аголната брзина се менува вртежниот момент но не со некооја проста формула на множење туку таму играат улога миљарда фактори (времето на отварање и затварање на вентилите, палењето и предпалењето, дозирањето на гориво, компресијата и многу други). А тоа можемме да го видиме од графикот погоре каде се гледа дека вртежниот момент е сложена крива.
Кај Гојдо снагата (одомаќинет србизам) мислам дека е всушност силата и во тој случај е во право.
Снага на српски е моќност на маедонски, и јас каде што сум пишал снага мислам на моќноста.