Mnogu bezbeze gi sortirate perfomansite. 100 ks ka benzin se isti so 100 ks ksj dizel, samo gzot e pozadi kako sakas vrti se. 
Не се исти. Дури и различни се. Зошто изко максималната моќност е иста, реалната е различна.

Ако споредиме Ферари 458 и Корвета ZR1 се добива горната табела. Тоа значи дека тие коњите што ги спомна се повеќе кај ZR1. Зошто при 2250 вртежи каде што си возиш секојдневно Корветата има повеќе од дупло сила, на 2750 каде што си во 99% од времето при нормално возење таа има точно два ПАТИ повеќе моќност. Веќе на 4250 вртежи каде евентуално би се нашол 458 има недостаток од цели 175кс во однос на корветата.
Намерно ја земав Корветата, како споредба за најмрсен бензинец кој го сакам и ќе си го купам. Ако го споредиме со малиот 2.0 TDi 170кс со чипче
http://www.revotechnik.com/type/896/126/ сместен во А4 ќе забележиме голема сличност во опсегот кој го спомнав погоре. Всушност испаѓа дека таа А4 има грубо исто сила со ферари 458 - ако се возат при исти вртежи. Па, останува мислењето дека возење на овоа моторче до 5000rpm е исто како и возење на 458 до 5000вртежи. Или со други зборови ако во 458 ставиш 2.0 тди со чипче и се остане исто, само го лимитираш бројачот на вртежи на 5000 всушност ќе бидеш побрз, отколку обично 458 ферари кое е лимитирано на 5000рпм.
Јас така гледам на работите. Се додека моторот нуди повеќе од Ferrari 458 во рангот на вртежи кои ги користам 1000-5000, тој е одличен.