зашто да купам дизел ако ги земеш во предвид погоре набројаните факти...
1. Какви факти бе чоек. Погоре набројаните „факти“ се во најмала рака дискутабилни, а факт не може да биде нешто што е предмет на дискусија. Ако сакаш конклузија врз база на премиси, премисите мораат да бидат неоспорни. Иначе нема поента. Затоа мораме да ги претресеме еден по еден, да видиме што е стварно факт, а не „факт“, па заклучоци ќе изведуваме од она што ќе остане.
2. Доколку те интересира кои се моите про-дизел аргументи - таква листа составував едно миљон пати до сега, погледни ги постарите постови. Мене ме мрзи да барам (исто како и тебе)
Сепак, твоите последни постови ме натераа на размислување:
Дали макар некој во овие 700 страни ме примети да кажам „дизел е бољи во секој случај, купувајте дизел а не бензин“? М?
Дали макар некој забележа дека на прашањето „што е боље бензин или дизел“ секогаш одговарам „зависи, како кога, кој ќе вози колку каде бла бла...“, а никогаш „дизел е бољи“? Примети некој или не?
ееее, навивачи мои заслепени... Јеби га, нормално е неутралниот да им изгледа ненеутрално на ненеутралните... Ако си неутрален, на вмровците ќе им изгледаш ко сдсмовец, на сдсмовците ќе им изгледаш ко вмровец. Нормално и очекувано е тоа.
Она против кое што цело време се борам се
килавите аргументи кои често (не секогаш!) ги користат про-бензинашите. Дали се разбира што значи ова? Со тоа не сакам да кажам дека бензинецот е секогаш полош. Само сакам да кажам дека АРГУМЕНТИТЕ кои се користат про-бензин во овој тред се или ирелевантни, или субјективни, а понекогаш просто погрешни. Еве една кратка greatest hits листа на фалични про-бензин аргументи:
- Ако возиш за уживање, тогаш мора бензин (ова ли е „факт“? што е „уживање“ во возењето? За секого ли е едно те исто?)
- За иста кубикажа бензинецот е појак (тотално, тотално, тотално ирелевантно. Повеќе е за во рубриката „јесте ли веч чули да...“ и нема никаква разумна улога при бирањето на возилото)
- Звукоит на бензинецот е бољи (ствар на укус автоамтски не е факт. Современ комон-реил дизелаш мене ми звучи екстра, поготово во добро изолираната внатрешност)
- Дизелите се спори и слаби (било некад факт, пред 30 години)
- Дизелите брчат ко трактори и чадат ко железара (да, ако се стари лошо одржувани канти)
- Бензинците се појаки за истите пари (да, но во режими на возење во кои многу ретко се вози, така да овој факт - и покрај тоа што е неоспорен - слабо стои со релевантност)
Јас ли треба на вас да ви кажувам кои се ВИСТИНСКИТЕ предности на бензинецот? Сакате?