Исто, исто...Колку пати? Значи во што е тоа подобар 1.9 сди во поло од 1.4 16в во истото возило?
Поише влече и побрз е
при нормално возење.Која е реалната снага?
Реалната снага = реалниот момент * реални вртежи.
Она горе на графиците е
максималниот можен момент на зададени вртежи. А реалниот се регулира со папучата за гас.
Замисли мотор кој при 3000 рпм има 200 Nm. Тоа не значи дека
секогаш кога е на 3000 рпм има 200 Nm! Toj мотор може на 3000 рпм да има и нула Nm торк (при скроз пуштена папуча за гас) и 200 Nm торк (Скроз стисната папуча за гас). Значи, за зададените 3000 рпм, имаме
цел дијапазон можна реална моќност, почнувајќи од 3000*0 па се до 3000*200. Реалната е некаде меѓу овие две крајности (нула и макс). Тоа е реалната снага. Графикот не може да ја покаже бидејќи таа не е фиксна туку се регулира со повеќе или пмалку стискање на папучата на гас.
Твоите графици ја покажуваат само максималната снага која ретко или никогаш не се постигнува.
Кој е тој „реален“ дел а уствари не е мерлив? Што е тоа што виси во облакот а не може да се покаже?
?? Како не е мерлив? Мерлив е.
Замисли вака: стојат две пола на патарина. Едното СДИ со 64 МАКСИМАЛНИ коњи, другото бензинец со 90 МАКСИМАЛНИ коњи. И двете коли треба да тргнат и да достигнат брзина на крстарење од 100 км/ч.
Теоретски, СДИ-то ќе ги постигне за најмалку 18 секунди, бензинецот за (да речеме) 12. Но, дали тоа значи дека ВО РЕАЛНОСТА бензинецот ќе стигне побрзо до 100? НЕ. Газдата на бензинецот не сака да фрла стоденарки низ ауспух и со нежно стискање на папучата ќе се тегне 30 секунди до 100. Возачот на SDI-то, ЗАРАДИ помалата потрошувачка, безгрижно ќе ја онади папучата за гас до доле и ќе стигне до 100 за 20 секинди.
Па така, со 20 вс 30 секунди, теоретски послабиот сди во реалноста е појак и побрз. Ова сум го видел 100.000.000 пати во реалноста и само инаетчија или слепец може да каже „не е така“.