Логиката е прилично едноставна, само треба човек да биде реален, да знае да си ги процени своите потреби и да може да предвиди (а тоа се базира на искуството) колку километри ќе помине годишно.
Значи, вака..
1. Доколку купувам фамилијарно возило (од класата на Пасат, Мондео, Инсигниа итн, или поголемо), би земал исклучиво дизел.
2. Доколку купувам возило од таканаречената Голф-класа, во зависност од годишните километри би размислувал помеѓу турбо-бензинец и турбо-дизел. Ако поминувам повеќе од 15.000 годишно, би земал турбодизел.
3. Доколку купувам мало градско возило, би земал бензинец.
Умреа приказните за дизелите дека се троми, овакви или онакви. Да, дизел сеуште не може (целосно) да го понуди спортскиот ефект, но со време и тоа ќе дојде. На крајот на краиштата, не постои универзално правило - секој според своите потреби.
Снаа ми вози Голф 1.4 ТСИ 122, јас возам Леон ТДИ 110. Мојот Леон одлично се држи со Голфот, и дури е и побрз, иако е 6 години постар, и има 15 коња помалку. Меѓутоа, има нешто поголем вртежен момент и нешто е потежок. Снаа ми проаѓа 5000 километри годишно, ако и толку.. Со тоа што, јас колку и да го малтретирам Леонот, повеќе од 7.5 во град нема да потроши, а новите дизели се уште по-фругални.
Тие приказни за братучед ми од Германија и другар ми од Америка, аман веќе, заборавете ги. Зборувајте од свои искуства и свои знаења.
Горе-долу да, но и не. За градско аутце бензинец, дека сеуште ги сметаме за мали и лесни. Ама и тие растат. И тоа со брзина на светлината. Од 206 до 207 има +20 сантима разлика, ако не и 30. А во тежина да не правам муабет. Единствено за тие мали возилца, цената со дизел мотор им е височка па затоа малку влече накај бензинец. Иако турбо бензинец од типот на ТСИ 85 за во Ајго би бил фантастичен, да не речам безобразен. И тоа си има Д4д ама цел куфер пари треба да дадеш.
Сегашните коли може да ги рачунате како 15 години стара кола, со приколица и 8 вреќи цемент. Не иде. Си бара да повлече. Едноставно масивни се. Колку и да не личи така. Колку и да ни е изопачен мозокот од фекалиите наречени СУВ и слично. Многу се тешки коливе, и тдизел е единствено решение... Освен ако не ги подолеснат малку, како што почнаа со Голф 5, па сега и 6...
П.С. Дизелот се исплати ако возиш повеќе од 1.000 километри годишно. За се испод илјада километри годишно, не е важен моторот.