Ова второто - дека имаат подебели гуми - чисти глупости! Најди ми податок дека дизел и бензинец со исти снаги имаат различни димензии на гуми?
OK. Mojata Кордоба со 64 коња беше 185/65 R14. Ти најди бензинец со шеесетина коњи и рапортирај за димензиите на гумите. Бензинците кои јас ги знам, а кои имаат отприлика толку коњи, сите до еден биле со потенки и помали гумички.
Како тоа просечно ќе има повеќе снага на асфалт?
Така: просечниот возач на просечен дизел просечно повеќе ќе ја стиска папучата за гас.
Па ти кажувам човече, ако возиме 100 на саат, ја ќе вртам со 3000 ти ќе вртиш со 2000 вртежи, за да се движат двете возила со таа брзина, потребно е исто снага.
Точно, но дизелашот у просек побрзо ќе забрзува затоа што не е оптоварен со потрошувачката.
Сеа ќе се преправам дека не приметувам дека се инатиш и ќе продолжам со објаснувањето:
Замисли бензинец со 90 коња и дизелаш со 60 коња. Бензинецот теоретски максимално прави време 0-100 од, да речеме, 12 секунди, додека дизелашот теоретски максимално 18 секунди. Но, при реалното возење, бензинецот ќе штеди гориво, и реалните забрзувања од 0-100 ќе му бидат, да речеме, 30 секунди, додека дизелашот - пошто го боли кур за потрошња - ќе гази до крај и 0-100 ќе прави за да речеме 20 секунди.
Ова во реалноста сум го видел безброј, безброј, безброј пати, немој да го негираш. Со кордобата шишкав и тицав бензинци. Не затоа што бензинците
не можат да забрзуваат појако од мене (можат да ме намачкаат на леб ако сакаат!), туку затоа што
неќат да забрзуваат појако од мене (заради потрошувачката).
Толку ли е елузивно значењето на зборот „реално“?
Сите имаат реална снага кога ќе ја заковаш педалата до под.
Се разбира. Но, во реалното возење педалата е ретко закована до под.