Друга му е поентата. Сака да каже дека дизелот има многу торк само од 1600 до 1800 и после одма губи душа, што би се превело како нагло забрзување и после нагло губење сила (кршење врат ако решиме да преувеличуваме што е обичај на темава). Ако погледнел торк крива на тој мотор или пак се повозел во него ќе свател дека не паѓа нагло силата после тој максимум. Соодветен турбо бензинец подолго го задржува максималниот торк, ама тоа не значи дека дизелашот е срање мотор што крши врат.